Корисни совети за пребарување на Google

soveti-za-prebaruvanje-na-google

Google несомнено е eдна од најмоќните интернет – алатки на денешницата која е длабоко интегрирана во нашите навики да наоѓаме одговори. Според Statista, дури 86 отсто од пребарувањата на интернетот се на Google, правејќи го толку препознатлив пребарувач што придонесе за создавање на нов глагол – (googling/гуглање). На Google пребаруваме временска прогноза, преведуваме на речиси сите светски јазици, дефинираме зборови, го користиме за навигација, купуваме најразлични производи…

Неговата употребливост е неверојатно разноврсна, а еден од начините на којшто може да се користи е за учење и работа. Токму затоа, ефективното пребарување на решенија е многу важно, бидејќи потенцијалните одговори можат значително да го олеснат тој процес.

Мотивот за овој текст го добивме од Миријана Садиковиќ, Business Intelligence Developer во нашата компанија и предавач на Академијата на Data Masters. Таа како одговор на едно од прашањата во интервју за вебсајтот на Академијата ни кажа:

„За успешно комплетирање на SQL модулот, секој мора да посвети доволно време на вежбање, преслушување на предавањата и многу прашување. Целта е сè што е нејасно да се разјасни за време на модулот. И како што им кажувам редовно на студентите – многу многу „гуглање“. Тоа е најдобрата алатка, затоа што вашата грешка претходно апсолутно му се случила на некого и за неа има барем некаква насока на Google. Од таквите ситуации најмногу се учи. Секако, предавачите се тука на располагање, за да ги дообјаснат сите детали и да помогнат на студентите успешно да ја завршат обуката.“

Токму затоа издвоивме 16 (според нас) најважни совети за подобро пребарување на Google.

1. Отстранување на термин

За да отстраните термин (збор) од резултатите на пребарувањето, се користи назнаката

На пример: Best SQL tutorials -Coursera

Со ова пребарување во резултатите ќе ги добиете најдобрите туторијали за програмскиот јазик SQL, но во резултатите нема да биде вклучен вебсајтот Coursera.

 

2. Пребарување на конкретна веб страна

Ако сакате да пребарувате на одредена веб страна, го користите site: и додавате клучен збор при пребарувањето на Google.

На пример: site:academy.datamasters.ai Python

Со ова пребарување ќе ги добиете сите резултати од нашиот вебсајт поврзани со клучниот збор Python.

 

3. Дефинирање на термин

Ако сакате да пребарувате дефиниции за термини, го користите define: и додавате клучен збор. 

На пример: define:declaring variables in SQL

Ова пребарување во резултатите ќе ги покаже дефинициите за „declaring variables in SQL“

 

4. Пребарување на точна фраза

Ако сакате да добиете точни резултати за конкретна фраза од некое пребарување, фразата за која пребарувате ја затворате со наводници (” “)

На пример: “bitwise AND operator”

 

5. Исфрлање непотребни информации од пребарувањето

Иако можеби звучи многу очигледно, важно е да напоменеме дека со исфрлање на непотребни информации ќе добиете попрецизни и порелевантни резултати од пребарувањето. Честа грешка е копирање и додавање на информации кои се непотребни, што директно влијае на резултатите и ги прави помалку прецизни.

 

6. Пребарување на одредени типови на документи

Ако се потребни резултати за било кој конкретен формат на документ, користите filetype: при пребарувањето. 

На пример: Hello World Program filetype:py

 

7. Комбинирање на два клучни зборови

Ако сакате да пребарувате два клучни зборови одеднаш, користиме OR меѓу двата клучни зборови. 

На пример: Data Science OR Machine Learning

 

8. Пребарување на слична содржина

Ако сакате да добиете резултати со веб страни кои имаат слична содржина на оние веќе ги знаете, користите :related при пребарувањето. 

На пример: related:w3schools.com

Со ова пребарување ќе добиете резултати со слични веб страни на w3schools.com

 

9. Замена на зборови

Доколку Ви недостасуваат некои клучни зборови при пребарувањето, користите * за да ги замените зборовите.  

На пример: *Оbject Model in JavaScript

Во конкретниот случај , * го заменува клучниот збор Document, бидејќи Document Object Model (DOM) е познат концепт на програмскиот јазик JavaScript.

 

10. Пребарување според локација

Ако сакате резултатите од пребарувањето да бидат според локација, користите location: при пребарувањето. 

На пример: факултети location:skopje

 

11. Пребарувај со користење на точни клучни зборови

При пребарувањето, се обидувате да користите точни и релевантни клучни зборови, наместо да пишувате непотребно долги реченици. Тоа ќе Ви заштеди време и овозможува подобри резултати. 

На пример: Наместо пребарувањето да гласи “How can I change the background color of an element using CSS?”, подобро е да се искористи “CSS background color” за попрецизни резултати. Доколку не ги добивате посакуваните резултати со тие клучни зборови, пребарувањето го проширувате со дополнителни зборови.

 

12. Пребарување по датуми

Доколку сакате резултатите од пребарувањето да бидат во одредена временска граница, се користат before: и after:

Форматот на командите треба да изгледа вака: 

before:YYYY-MM-DD

after:YYYY-MM-DD

*Форматот на датумите треба да биде година/месец/ден. 

На пример: bitcoin before:2010-01-01

 

За ваков тип на пребарување, може да се искористи и вградениот филтер на Google

  • Кликате на копчето “Tool” под полето за пребарување
  • Ја избирате посакуваната временска опција

13. Пребарување на слики/фотографии

Доколку сакате да пребарувате слики или фотографии на Google, тоа го правите со користење на Google Images.

На пример: ETL process

 

14. Пребарување со hashtag 

Ако сакате да добиете резултати од одреден хаштаг, користите # пред клучниот збор. 

На пример: #datamasters

 

15. Споредување на два различни термини

Доколку сакате во резултатите да добиете спореба меѓу два термини, користиме VS

На пример: mysql vs postgresql

16. Google Advanced Search

Google Advanced Search Ви овозможува пребарување информации со внесување на повеќе различни детали. Овој метод овозможува пребарување на многу специфични детали, а со тоа и најдобро филтрирани резултати.

Во оваа листа се вкучени само дел од можностите кои ги нуди Google за пребарување. Доколку сакате да разгледате проширена листа на команди за пребарување, кликнете на овој линк: Google Search Operators: The Complete List (42 Advanced Operators)

* Важно е да се напомене дека прецизноста на пребарувањата е поголема на англиски јазик, иако овие начини на пребарување може да се користат и со кирилична поддршка на македонски јазик.