online обука

Data Analytics For Business Decision Making

Научи како да носиш значајни одлуки за твојот бизнис или организација преку анализа на податоци и нивна визуелизација. Со помош на алатките и методологијата на учење на Data Masters развиј аналитичен начин на размислување и дојди до знаење кое ќе ти овозможи континуиран успех и минимален праг на бизнис грешки.

Play Video

Почеток:

13.02.2023

Времетраење:

16 недели (91 час)

Динамика:

Часови

2 пати неделно (17:30-20:00)


Техничка работилница

Секој втор петок (17:30-20:00)

Консултации:

2 индивидуални часа
(по 30 минути)
online или во живо

Цена:

36.000 денари

Опис на обуката

Data Analytics for Business Decision Making е моќен спој од алатките SQL, Python и Power BI на Microsoft.

Обуката започнува со запознавање со податочните типови во MS SQL Server и изучување на синтаксата за креирање, ажурирање и бришење на податоци. Продолжува со импортирање на file во Python скрипта, анализа и манипулација на тие податоци, за потоа истата скрипта да се реализира преку Power BI, сè со цел да се добие значаен извештај како краен производ.

Потребата за луѓе кои ги поседуваат овие вештини, умеат да ги користат најбараните алатки за деловно разузнавање и анализирање на податоци расте со голема брзина во сите индустрии, а со помош на оваа обука ќе бидете во чекор со најновите трендови.

Модули

Вовед во SQL

  • Вовед во бази на податоци
  • Запознавање со MS SQL Server
  • Креирање и импортирање на табели
  • Поставување на прашања до база
  • Трансформирање и интерпретирање на резултати
  • Спојување на табели по клуч
  • Селектирање на колони
  • Филтрирање на редови
  • Агрегатни функции
  • Сортирање и групирање
  • ETL (Extract, Transform, Load)

Обработка на
податоци со Python

  • Вовед во програмирање со Python
  • Податочни типови
  • Вчитување, прибирање и анализа на податоци со Python
  • Податочни структури
  • Манипулирање со податочните структури
  • Функции во Python
  • Библиотеки за анализа и визуелизација

Визуелизација во Microsoft Power BI

  • Вовед во алатката Power BI
  • Поврзување на Power BI со различни типови на извори
  • Работење со различни прикази на модели на податоци
  • Комбинирање на графици во dashboard
  • Креирање на колони и метрики
  • Градење на односи меѓу различни табели
  • Креирање на извештај со различни интерактивни визуелизации
  • Извршување на Python скрипти во Power BI

За кого е наменета обуката

Доколку сте личност која својата работа ја поставува во Ексел и:

  • Раководи со буџети, креира и делегира извештаи, проектира продажба и приходи, раст и трошоци

  • Сакате да го надградите знаењето, да просперирате во постоечката или да изградите нова кариера

  • Сте проектен менаџер
  • Работите или поседувате бизнис во области како што се, маркетинг, увоз/извоз, царинење, транспорт, градежништво, медицина, производство

  • Сте генерален / маркетинг / финансиски менаџер или раководител на оддел

Искуства на нашите студенти

Цели на обуката

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.