Клучни разлики меѓу Excel и Power BI

blog cover Excel Vs Power BI -03

Power BI и Excel имаат многу сличности во однос на функционалностите, како се презентираат податоците и како ги поврзуваме со други извори на податоци. Excel е значително полесна алатка за користење од Power BI, но предноста во Power BI е во визуeлизациите. Важно е да се напомене и дека Excel e лимитиран во однос на споделување на извештаи, нешто што Power BI го надминува. 

Power BI на Microsoft е алатка за бизнис анализа со која се изработуваат дашборди и репорти од милиони редови на податоци. Еxcel кој исто така е алатка на Microsoft, има различни вградени можности и функционалности кои може да се користат за математички калкулации, итерации, предвидивувања и креирање на графикони и табели. 

 

Клучни разлики

 

Visualization & Business Intelligence

Excel како алатка првенствено се користи за табеларни пресметки и има ограничени можности за визуелизација на податоци. Иако поддржува графици и графикони, можностите за сложена анализа и визуелизација се лимитирани.

Наспроти Excel, Power BI e наменски дизајниран за деловна интелигенција (Business Intelligence) и визуелизација на податоци. Power BI им овозможува на корисниците да креираат интерактивни и динамични контролни табли, извештаи и визуелизации. Алатката е специјализирана и наменета за работење со големи бази на податоци и презентирање на податоците на начин кој е полесен и визуелно разбирлив за корисниците.

Моделирање на податоци и релации

Excel поддржува основно моделирање на податоци и релации помеѓу базите на податоци. Процесот на поврзување и промени на релациите е мануелен (рачен) и не е интуитивен за работење со сложени сетови на податоци.

Од друга страна, Power BI им овозможува на корисниците лесно да создаваат релации помеѓу различни табели и останати извори на податоци преку вградени конектори за различни извори на податоци. Поради тоа, лесно се импортираат и освежуваат податоците со кои е поврзан. Power BI исто така нуди понапреден и лесен пристап за градење на релации, што го прави ефикасен за управување и анализа на сложени структури на податоци кои се зачувани и локално и оние што се чуваат на cloud.

Колаборација и споделување

Сите кои работат со Еxcel знаат дека колаборацијата и споделувањето на табели е голем предизвик, особено кога се работи со повеќе верзии на една табела. Споделувањето вообичаено подразбира испраќање на цели датотеки кои содржат повеќе фајлови, што најчесто може да доведе до недоследности во податоците.

Power BI е создаден за споделување на податоците. Тој им овозможува на корисниците да објавуваат извештаи и контролни табли кои лесно се споделуваат, соработка на корисниците во реално време и можност за вградување извештаи во веб-локации или апликации.

Автоматизација и освежување на податоци

Освежувањето на податоците во Excel може да бара рачна интервенција, а автоматизирањето на овој процес е навистина сложено.

Power BI нуди беспрекорни способности за освежување на податоците, овозможувајќи им на корисниците да закажуваат автоматско освежување за податоците.

 

 

Компаративна табела

 

ItemPower BIExcel
ДостапностРелативно нов продукт за кој нема потреба од лиценцa за локално користење.Достапен е за речиси секоја организација за работа со податоци. 
УчењеАлатка е релативно едноставна, но потребно е познавање на Power Query и Power Pivot DAX формули како техники за напредно користење.Универзална алатка која се користи во речиси секоја канцеларија во светот. Бидејќи Ексел е достапен долго време, многу од корисниците имаат напредни познавања.
ЦенаБесплатен за преземање и за лично користење, но чини 10$ месечно за репортите да се споделуваат со други корисници преку web верзијата. Бесплатен за користење, но потребно е да се инвестираат дополнителни средства за да се изработат напредни визуелизации.
ФлексибилностФлексибилен за работа, особено ако се префрлаш од Ексел. Нуди можност за работа локално, од компјутер или мобилна верзија. Преку web PBI можеш да пристапиш до репорти кои се објавени на clоud. Пофлексибилен за користење и за креирање само на едноставни извештаи и формули. 
ВизуелизацииСо Power BI можеш да креираш многу различни типови на визуелизации. Покрај вгредените, можеш да импортираш и надворешни визуелизации.Ограничен на само неколку вградени визуелизации. Единствено со нив можеш да изработиш дашборди. 
ДашбордиИма класични и напредни слајсери. Cross филтрирање, визуелни филтри, филтрирање на ниво на репорт и филтрирање на еден репорт врз друг.Ексел има слајсери кои овозможуваат само ограничен пристап до податоците.
Обем на податоциВо Power BI можеш да работиш со огромни количини на податоци, бидејќи нуди можност за компресија на податоците.  Ексел е лимитиран на предодредено количество на редови и колони и често не може да поддржи поголеми фајлови.
ПристапПристапот од Power BI web е ограничен со лиценца, доколку репортите се дел од проект на кој имаат пристап повеќе корисници. Десктоп и мобилната верзија се бесплатни и достапни за повеќе корисници.Ексел е достапен секаде и за секого.
ЈазикГо користи јазикот DAX за формули и функции.Го користи јазикот MDX за формули и функции.
БезбедностСо поставување на одредени правила, со Power BI може да се адаптира пристапот до одредени податоци за различни корисници.Во Ексел неопходно е да се споделат сите податоци за да бидат видливи за крајниот корисник.

 

Заклучок

 

Во време на дитигализација кога корисниците во сите бизниси генерираат огромни бази на податоци поврзани со процесите на работа, иако Excel во моментов е најраспространета и употребувана алатка за табеларни пресметки, Power BI е специјално дизајниран за деловна интелигенција и нуди понапредни фукнции за визуелизација, моделирање и споделување на податоци. Power BI е прилагоден и специјално создаден за деловна интелигенција и нуди напредни функции за визуелизација, моделирање и споделување на податоци. Прилагоден е за корисници кои анализираат податоци и сакаат да ги презентираат на динамичен и интерактивен начин, особено кога работат со големи и разновидни бази на податоци.

 

https://academy.datamasters.ai/obuki/data-analytics-for-business-decision-making/

https://academy.datamasters.ai/obuki/data-analytics-for-business-decision-making/

 

Од нашиот блог