Python и светските гиганти

python-i-svetskite-giganti

Зад секоја успешна кариера и реализирана бизнис идеја, потребно е познавање на соодветни вештини и употреба на ефикасни алатки. Python е токму таа ефикасна алатка со која се изградени најупотребуваните и најпопуларни платформи како Netflix, Google, Amazon, Spotify, Dropbox, Instagram, Pinterest, Reddit

Сите овие платформи во дел или во целост се изградени со Python. Исто така во Python се тренираат модели за машинско учење кои се користат за сè, почнувајќи од алгоритми за препораки, персонализации и алгоритми за маркетинг, content machine learning, аnalytics, предиктивна анализа итн..

Google

Кога зборуваме за Google – повеќето од основните алгоритми за пребарување на Google се напишани во Python и C++. Во моментов, голем број на проекти за машинско учење, вештачка интелигенција, како и проекти за роботика на Google се спроведуваат со користење на Python и C++.

YouTube

Google исто така го користи Python за обработка на огромната количина на податоци што ја стекнува од своите корисници. На пример: како YouTube знае што да ви препорача? Случајно? Одговорот е не. YouТube добива пристап до вашите податоци, како што е вашата историја на видеа (и можеби нивните ознаки) и со примена на машинско учење, алгоритми за препораки, учи какви видеа сакате да гледате. Со секое видео што го гледате по негова препорака, станува подобар во „погодување“.

Netflix

Кога пак станува збор за Netflix , тие открија како максимално да го искористат програмскиот јазик Python. Компанијата го користи Python – еден од најбрзорастечките јазици во светот за сè од оперативен менаџмент и анализи, па сe до безбедност и мрежно поврзување.

Netflix исто така е доста интересен бидејќи користи комбинација од алгоритми за  машинско учење и податоци од корисниците со цел да ја рангира својата содржина, да одлучи што да ви прикаже на вашиот кориснички профил и да предвиди која содржина најверојатно ќе биде успешна. Покрај тоа, користи податоци како што се: период од денот во кој гледате филм, колку долго гледате одредена содржина, каква содржина гледате најчесто, односно користи добро рафиниран алгоритам за препоракиза да предвиди што корисниците најверојатно ќе сакаат да гледаат. Целта е да ви овозможат quality user experience.

Што мислите, зошто овие “гиганти” го користат токму Python?

Одговорот е едноставен. Python е програмски јазик којшто е брз, актуелен, лесен за учење и воедно е користен од страна на мали и големи компании. Секако тука мора да се напомене дека Python е јазик којшто е еден од најдобрите јазици за анализа на податоци и станува  подеднакво добар за изработка на веб страни. Изучувањето на Python, најдобро се постигнува преку практична примена, пренесена од консултанти кои секојдневно работат со овој програмски јазик.

 

Од нашиот блог