Обуката е наменета за сите ентузијасти за вештачка интелигенција и заинтересирани во работата на берзата. Оваа обука ќе ви даде знаење за користење на алатки кои многу ќе ви го олеснат процесот на следење на акции, како и предикција на динамиката на конкретна акција (како ќе се движи во следните денови, недели)… Крајната цел е да научите што влијае врз динамиката на една акција, за практично потоа во иднина да можете да донесете одлука дали и кога е паметно да се вложи во една акција.
-
ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
6 недели -
ДЕНОВИ:
Вторник и четврток
(од 17:30 до 20:30) -
ЦЕНА:
30.000 денари -
ПОЧЕТОК:
20.4.2021
Какво предзнаење е потребно?
Не мора да имате предзнаење, само желба да го изучувате овој сегмент.
Како и каде ќе можете да го примените знаењето по обуката?
Знаењето добиено од оваа обука може да се искористи за лично следење на активноста на акции кои на вас ви изгледаат атрактивни за инвестирање, како и на акции во кои веќе имате инвестирано. Знаењето ќе ви даде основа да можете да донесете одлука во поглед на идно инвестирање во акции, дополнително, ова е знаење кое може да ви даде дополнителна атрактивност на моменталното или посакуваното работно место.
Што е опфатено со оваа обука
Вовед во програмирање со Python
Вовед во следење на акции
Истражување на симнатите податоци
Подготвување на податоците за тренирање на систем за предвидување
Невронски мрежи за time series (временски серии)
Користење на Python пакети
Направете го првиот чекор кон вашата иднина.
Пријавете се!