„Анализата на податоци е клуч за успех на секој бизнис“

По завршувањето на Економскиот факултет при УКИМ, Дамјан Олевски речиси целата своја професионална карирера ја гради во областа на набавка и продажба (procurement and sales), позиција на која работата со податоци е секојдневие. Обуката Data Analytics for Business Decision Making, токму поради специфичната комбинација на технички алатки во програмата совршено се совпадна со целите на Дамјан, а тој покажа одлични резултати и успех при совладувањето на модулите.

Која беше Вашата главна мотивација за изучување на SQL, Python и Power BI? 

Главната мотивација ми беше пред се да го зголемам знаењето и да се запознаам со нови алатки и начини за анализа на податоци, кои во иднина би можел да ги искористам.

 

Какви предзнаења имавте пред да дојдете на обуката и дали Ви беше лесно да навлезете во тематиката? 

Секојдневното користење на Excel и работење со оваа алатка мислам дека ми беше добро предзнаење за да ја започнам обуката. Дополнително, имав некое основно познавање од Power BI, што ми овозможи полесно да ја совладам материјата.

 

Како и дали овие алатки може да се искористат во професијата во која работите? 

Детална анализа на податоците мислам дека е од суштинска важност за секој бизнис и професија, па така и во мојата работа. Мислам дека знаењето што го добив може значително да ми помогне за да успеам да ги најдам сите “скриени” моменти што можеби не можам да ги увидам само со сегашните алатки.

 

Кој модул најмногу Ве заинтересира, а кој модул Ви беше најголем предизвик да го совладате? 

Модул што најмногу ме заинтересира и ми се допадна беше Power BI, каде што може многу посликовито и визуелно да се презентираат податоците. Како најголем предизвик би го издвоил модулот за Python, бидејќи беше нешто што е целосно ново за мене. Сепак, несебичното вложување на предавачот значително го олесни учењето. Воедно, сакам да ја искористам шансата да ги пофалам сите предавачи за целиот вложен труд и споделено знаење што ја направија оваа обука полесна за сите учесници. 

 

Според досегашната содржина на обуката, дали дополнително би го истражувале полето на анализа на податоци? 

Дефинитивно би го истражувал дополнително полето на анализа на податоци. Мислам дека квалитетната анализа на податоци е клуч за успех на секој бизнис, а тоа дополнително доаѓа до израз во ова време кога податоци можеме да добиеме од многу различни извори, но мора брзо и добро да ги анализираме истите со цел да добиеме најдобри резултати.

 

Што би им препорачале на оние кои се двоумат да го направат следниот чекор, односно да стекнат знаење за нова вештина, алатка или техонологија?

Би им препорачал двоумењето да го остават зад себе и да се впуштат во изучување на нешто ново со отворен ум, бидејќи секако нема што да изгубат. Може само да се научи нешто ново, да се прошират хоризонтите и дополнително да се развијат. Обуката Data Analytics for Business Decision Making е одлично место за тоа.

Интервјуа со нашите студенти