„Стекнувањето нови вештини е клучно за кариерен развој“

Ana Siljanoska

Ана Силјаноска е дипломиран професор по математика, но кариерниот пат ја насочил кон маркетинг, професија која ја работи повеќе од 15 години. Иако на прв поглед овие две професии тешко се поврзуваат, анализата на маркетинг податоци за компанијата за којашто работи е нејзино секојдневие. 

„Едноставно ги сакам бројките и анализите и уживам во сето тоа. Бројките ми се хоби, а кога ќе успеам да направам некој мој систем за анализа на истите, задоволството е бесценето“, вели таа. 

Со Ана разговаравме за нејзиното досегашно искуство на обуката Data Analytics for Business Decision Making на Академијата на Data Masters и како личната надоградба на знаењата ѝ помага да остане во чекор со алатките и технологиите од најновото време.

 

Имате навистина интересна комбинација на професии. Што иницијално ве привлече кон математиката, за потоа целосно да ја насочите кариерата кон маркетинг?

Од секогаш сум го сакала решавањето на логички проблеми, па кога дојде моментот за избор на факултет, природен беше и изборот. По завршувањето на факултетот, тогашниот сплет на околности ме воведе во сферата на маркетингот. Станува збор за навистина динамична професија, во која многу ретко работите една иста работи и тешко може да се заморите од монотонијата. 

 

Со оглед на вашето долгогодишно искуство во маркетингот: како се промени начинот на работа со податоци во овој сектор во изминатите 10-15 години?

Во изминатите 10-15 години, промената во начинот на работа со податоци во маркетингот беше драматична. Со дигитализацијата на медиумите и социјалните мрежи, количеството на податоци кои можат да се соберат за потребите на маркетингот е големо и континуирано расте. Ова го зголеми значењето на податоците и потребата за нивно ефикасно управување.

Една од главните промени беше во начинот на собирање на податоци. Претходно, собирањето на податоци беше тешко и скапо, и обично се базираше на анкети и истражувања. Сега, податоците можат да се соберат многу лесно и автоматски, од различни извори како што се социјалните мрежи, веб страници, е-пошти и мобилни апликации.

Оваа промена во начинот на собирање на податоци доведе до појава на нови методи и технологии за управување со податоци. Машинско учење, вештачка интелигенција, и големи податочни маси се само некои од новите алатки кои се користат за анализа на податоците во маркетингот.

Со дигиталниот маркетинг, може да се стигне до целната група на потрошувачи, а она што е многу важно, маркетингот станува персонализиран, согласно личните афинитети на поединецот.

 

Каде ја гледате примената на наученото од обуката во работата со податоци во работата со B2B (business-to-business) клиенти?

Сметам дека секоја новонаучена алатка, треба да донесе поедноставување во работата. Особено во делот на визуелизација, со цел полесно согледување на одредени шаблони на однесување. Следењето на новото време, новите потреби, се важни во кариерниот развој на секој од нас, и сметам дека е важно континуираното надградување. Очекувам дека до крајот на обуката ќе можам самостојно да правам посложени анализи кои ќе помогнат во целокупното работење на компанијата, ќе овозможат поедноставно следење на активностите и би ми било драго доколку сето тоа биде препознаено и прифатено.

 

Освен знаењата од математиката, со какви преднзаења за анализа на податоци дојдовте на обуката и како тоа ви помогна за совладување на модулот SQL?

Покрај секојдневното користење на ексел и пивот табели, имам посетувано online курсеви за Data Science, основи на статистика и слично, но ни приближно колку што може да се научи од обуката. Сметам дека лесно може да се совлада модулот, бидејќи од другата страна имате предавачи кои на едноставен и практичен начин ви го пренесуваат знаењето. Во голем дел материјата се совладува преку практични примери, сè што не е јасно се објаснува до детал. Мислам дека со таков пристап, неминовно е успешно и лесно да се совлада модулот.

 

Kоја е предноста на онлајн предавањата и како успевате да ги балансирате личните обврски и обврските кои произлегуваат од обуката?

Ова е добро прашање на кое нема вистински одговор, бидејќи се работи за индивидуални преференци, карактер на личност и животен баланс. Со добар план, добра организација на времето, но и неминовна поддршка на семејството (како сопруга и мајка на две деца), се постигнува. Се обидувам да не пропуштам час, бидејќи ми е многу важно присуството, каде може да прашате и да добиете соодветен одговор. Но, од огромна предност е и тоа што часовите се снимаат, па и да не сте во можност да присуствувате, секогаш може да ја прегледате снимката. Пак ќе напоменам, не е исто, но е одлична предност за никогаш да не го пропуштите часот.

 

Што би им препорачале на оние кои се двоумат да го направат следниот чекор, односно да стекнат знаење за нова вештина, алатка или техонологија?

Стекнувањето на нови вештини, алатки и технологии во областа на анализа на податоци е важно за успешното развивање на кариерата во ова поле. Анализирањето и толкувањето на податоците може да им овозможи на фирмите, организациите и институциите да направат подобри одлуки, да откријат нови начини за подобрување на перформансите и да најдат нови можности за развој.

Стекнувањето на нови вештини во областа на статистиката, визуелизацијата на податоци и други слични вештини може да им помогне на аналитичарите на податоци да ги обработуваат и интерпретираат овие податоци, да доаѓаат до сознанија и да ги претставуваат резултатите на начин што е лесен за разбирање.

Затоа го охрабрувам секој оној кој работи со анализа на податоци или има желба да се надградува во ова поле, да не се двоуми и да се приклучи на обуката Data Analytics for Business Decision Making на Академијата на Data Masters. Модулите се добро и детално опфатени, предавачите се одлични и предавањата се прилагодени за лесно да се совладаат. 

 

Интервјуа со нашите студенти