ОБУКИ & АКАДЕМИИ

Програмирање Block-Breaker игра во Python (обука за деца 10-14 години)

Љубовта кон програмирањето се стекнува од мали нозе, а во денешно време воведот во програмирање е полесно да се научи од било кога досега и тоа на забавен и интерактивен начин. Токму Python е најидеалниот избор за изучување на програмски јазик кај најмладите, бидејќи е лесно разбирлив, корисен и претставува одличен вовед во светот на програмирањето. Еден од најзабавните начини да се научи Python е преку креирање на игра. А во рамките на оваа обука ќе учиме како да испрограмираме игра Block-Breaker.

За кого е наменета?

Обуката е наменета за деца на возраст од 10-14 години. Не е потребно предзнаење од програмирање.

Број на посетители:

Обуката е предвидена за максимум 10 посетители.

Што е Block-Breaker?

Block-Breaker е компјутерска игра за еден играч, во која главната цел е преку користење на подвижна платформа која одбива топче да се скршат сите коцки на екранот. Важи за игра која може да се испрограмира во повеќе програмски јазици, но Python овозможува најлесна платформа за создавање на едноставни игри како неа и токму затоа програмирањето ќе го направиме во него.

Што е опфатено во оваа обука?

Учиме за основите на програмскиот јазик Python. Тука ќе се запознаеме со основните концепти на кодирање, кои потоа ќе ни послужат за градење на играта Block-Breaker.

Запознавање со алатки во Python за создавање на игри. Алатките се исклучително важни за олеснување на процесот на создавање на игра.

На третиот ден од обуката посетителите ќе ги цртаат и бојат различните форми (како што се топчето, коцките и платформата) кои ќе бидат користени во играта. Тие ќе научат да ги искористат овие форми и да ги анимираат како дел од играта.

На овие часови посетителите ќе ја научат логиката на играта и воедно како истата се програмира. Ќе можат да ги согледаат сите причинско-последични правила и ќе градат нивоа по нивна желба.
Посетителите ќе ги програмираат поените во играта, правилата на победување и пораз кои се суштински за самата игра, односно со ова се комплетираат сите важни елементи за функционирањето на една игра.

Овој финален ден ќе ја развиеме креативноста! На сите посетители ќе им биде дадена можност да ја надополнуваат играта со дополнителни функционалности што самите би ги измислиле (на пример: додавање на различни нивоа на коцки). Овој ден ќе ни овозможи да ја преточиме креативноста на дечињата во програмерска логика.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.
Пријавете се!

     

    Интервјуа со нашите студенти