Во денешно време, роботиката е многу актуелна сфера на изучување. Како и за секоја друга гранка на програмирање и инженерство, подобро е да се почне што е можно порано. Целта на оваа обука е запознавање на младите со основите на структурно програмирање и тимска работа и истата ќе им биде одлична прилика за брзо да ги видат резултатите на нивниот труд. Во оваа 6 часовна обука ќе бидат вклопени:
- Основи на роботика. Што е роботика?
- Основи на програмирање
- Имплементирање на услови и циклуси, во склоп со сензорите на роботите за да ги направат роботите да се движат
- Борба на роботите на тимовите
-
ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
6 часа -
ДИНАМИКА:
2 пати неделно по 90 минути -
ДЕНОВИ:
Понеделник и среда
(од 17:30 до 19:00) -
ЦЕНА:
3.000 денари -
ПОЧЕТОК:
18.10.2021 -
ЛОКАЦИЈА:
Просториите на Дата Мастерс (Скопје)
За кого е наменета?
Обуката е наменета за деца меѓу 7 и 12 години. Не е потребно предзнаење.
Што е опфатено во оваа обука?
- Основи на роботика
- Основно програмирање во Python
- Користење на податоци од сензори
- Тимска работа
Роботите со кои ќе работат учесниците се едноставни колички, со 2 мотори, 2 тркала и сензори за светло и растојание. Наменети се за водење меѓусебна битка и на последниот час учесниците ќе ги пресметаат силите преку „битка“ помеѓу роботите на различните тимови.
Програма по денови:
Ден 1
Запознавање со концептите на роботика, основни команди за роботчињата кои ќе ги користиме и поделба во тимови.
Ден 2
Ден 3
Програмирање со компетитивна цел – со научените основи учесниците ќе ги програмираат роботите за крајна битка.
Ден 4
Направете го првиот чекор кон вашата иднина.
Пријавете се!