Data Science е област што заслужено е на врвот на листата на најатрактивни професии во денешно време. Воедно е наука што го поттикнува логичкото размислување и способноста за изнаоѓање на решенија и токму затоа од огромно значење е да ги воведеме и најмладите во data – driven ерата што е пред нас.
Во таа насока, создадовме едномесечна програма преку која најмладите ќе можат да ги направат првите чекори во областа на Data Science покажувајќи им што сè ни овозможува технологијата денес, како да го развиваат логичкото размислување и способноста за решавање на проблеми, а воедно и заедно ќе развиеме креативни идеи и начини за решавање на одредени предизвици.
-
ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
16 часа (4 недели) -
ДИНАМИКА:
2 пати неделно по 2 часа -
ДЕНОВИ:
Понеделник и среда
(од 18:00 до 20:00) -
ЦЕНА:
12.000 денари -
ПОЧЕТОК:
19.7.2021
Кои се придобивките од изучување на Data Science?
Data Science на некој начин ни помага да ѕирнеме во иднината со помош на бројките (податоците). Денес, речиси сè што правиме се зачувува како податоци, а нивното правилно користење и анализа ни овозможува да дојдеме до одредени заклучоци. И токму тука доаѓа на сцена Data Science – наука која овозможува да се справиме со сето тоа мноштво од податоци. Бидејќи е спој од математика и програмирање, нејзината примена во различни видови на области е огромна, а придобивките од нејзиното изучување од рана возраст се многубројни.
Преку нејзиното изучување најмладите имаат можност да се стекнат со логички и аналитички начин на размислување, да научат дека податоците се всушност присутни во целокупното наше живеење и да го согледаат нивното значење (на пример: колку пати сте ја играле вашата омилена игра преку апликација на телефонот; како да предвидите дали утрешниот ден ќе биде сончев или дождлив користејќи историски податоци итн.). Во суштина, математиката е двигател на многу нешта околу нас кои претставуваат секојдневие и доколку вашето дете поседува афинитети кон математика и програмирање, Data Science е одличен начин за да го насочите неговиот талент.
Опис на обуката
За прв пат кај нас, Data Masters создаде обука за млади која има за цел да ги воведе, упати и насочи кон можностите што ги нуди Data Science. Почнувајќи од основни концепти на програмирање, преку анализа, па сè до визуелно прикажување на податоците, благодарение на оваа обука тие ќе умеат сами да расудуваат правилно и да донесат одредени заклучоци.
Програмата е така создадена да им даде основа и да ги подготви за понатамошна надградба на знаење во полето на Data Science. Оваа наука е иднината, а ние би сакале да им помогнеме на најмладите да ја дочекаат подготвени, нудејќи им врвно знаење.
За кого е наменета?
Обуката е наменета за млади на возраст од 13 до 18 години.
За учество во обуката не е потребно предзнаење, но секако се препорачува за оние кои веќе имаат афинитет кон бројки и програмирање.
Што е опфатено во оваа обука?
Првите чекори во Data Science
Вовед во програмирање во Python
Интерпретирање на податоците со помош на Python
Визуелизација на податоците
Мини проект
Направете го првиот чекор кон вашата иднина.
Пријавете се!