ОБУКИ & АКАДЕМИИ

Data Analytics for Business Decision Making – Python, SQL & Power BI

ONLINE ОБУКА

Како преку анализа на податоците што ги прибирате да ги донесете најзначајните одлуки за вашиот бизнис или организација? Тајната на успехот за бизнис планирање, носење одлуки и решенија лежи токму во податоците и нивното анализирање кои со помош на нашата обука ќе ги доведете до совршенство со цел да си овозможите континуиран успех и минимален праг на бизнис грешки.

Преку оваа обука ќе научите како да прибирате податоци, да ги анализирате и истите визуелно да ги претставите за потоа да можете да ја донесете вистинската одлука. Со помош на моќта на алатките кои служат за анализирање на податоците, ние ќе ви помогнеме да развиете аналитичен начин на размислување, ќе дознаете што всушност претставуваат самите податоци, како работат компании од различни области и како да подготвите извештај кој ќе ви овозможи да прогресирате, да бидете пред конкуренцијата и да гарантирате позитивно искуство кај крајните корисници.

Опис на обуката

Потребата за луѓе кои ги поседуваат овие вештини, умеат да ги користат најбараните алатки за деловно разузнавање и анализирање на податоци, расте со голема брзина во сите индустрии, а со помош на оваа обука ќе бидете во чекор со најновите трендови.

За прв пат кај нас, Data Masters создаде обука која е моќен спој од Python, SQL и Power BI. Обуката ќе започне со импортирање на file во Python скрипта, анализа и манипулација на тие податоци, за потоа истата скрипта да се реализира преку Power BI, сè со цел да се добие значаен извештај како краен производ.

За кого е наменета?

Доколку сте личност која својата работа ја поставува во Ексел и:

  • Раководи со буџети, креира и делегира извештаи, проектира продажба и приходи, раст и трошоци
  • Сте генерален / маркетинг / финансов менаџер или раководител на оддел
  • Сте Проектен менаџер
  • Работите или поседувате бизнис во области како што се сметководство, финансии, банкарство, маркетинг, увоз/извоз, царинење, транспорт, градежништво, медицина, производство
  • Сакате да го надградите знаењето, да просперирате во постоечката или да изградите нова кариера

Преку обуката, ќе допреме до нови технолошки трендови и ќе ве обучиме како да го примените знаењето во вашата област на работење.

Што е опфатено со оваа обука

Поради неговата едноставна синтакса и многубројните полиња каде што може да се применува, Pуthon се наоѓа помеѓу најпопуларните и најкористените програмски јазици. Во овој дел ќе видиме зошто токму Python е најдобриот избор и ќе се запознаеме со основите на овој програмски јазик.

Во овој дел ќе се сретнеме со основните податочни типови и структури како integers, floats, booleans, strings, lists, tuples, sets и dictionaries. Со нивна примена и со користење на логички оператори, преку примери и вежби ќе извршуваме најразлични аритметички операции.
Користејќи условни изрази и циклуси, во оваа фаза ќе научиме како да манипулираме со податоците. По завршување на оваа фаза, ќе се стекнете со поголема програмерска самодоверба.
Дополнително ќе воведеме функции, кои се омилен дел на нашите досегашни студенти. Ќе научите како сами да ги дефинирате функциите и да ги користите во понатамошни анализи. Воедно ќе имаме и вежби со цел да ги примениме стекнатите знаења.
Оваа фаза ќе биде наменета за читање, разбирање и анализирање на различни типови на податоци. Ќе извлекуваме заклучоци, преку кои ќе добиеме првична анализа, со цел да направиме понатамошна визуелизација, која ќе ја комплетира нашата анализа.
Ќе се запознаеме со дел од библиотеките кои ги нуди Python за анализа на податоци. Библиотеките Numpy и Pandas ќе го направат процесот на анализа многу полесен и со нивна примена ќе научите како да направите дескриптивна анализа на податоците. Додека со помош на Matoplotlib и Seaborn ќе научиме да прикажуваме и читаме најразлчни типови на визуелно претставување.
Во оваа фаза ќе се запознаеме со податочните типови во MS SQL Server и ќе ја изучиме TSQL синтаксата за креирање, ажурирање и бришење податоци. Ќе видиме како со помош на SQL може да поставиме прашања до базата на податоци и како да ги трансформираме/интерпретираме одговорите. Прашањата кои ќе ги поставуваме ќе варираат од едноставни до сложени прашања кои бараат одговори на комплексни бизнис-потреби.
Во овој дел ќе се насочиме кон визуелизација на податоци. Конкретно, ќе се запознаеме со Microsoft Power BI алатката, која без сомнение е “to-go” алатка за брз, убав, информативен и автоматски приказ на податоците. Ќе видиме како да се поврземе со извор на податоци и како да го избереме вистинскиот визуелен приказ во зависност од податоците. Ќе научиме како да комбинираме графици во dashboard, но уште поважно, ќе научиме како да препознаваме пар (податоци, тип на график), бидејќи лоша визуелизација на податоци НЕ Е подобра од било каква визуелизација.
Во последната фаза од оваа обука, ќе научите како се извршуваат Python скрипти директно во Power BI, односно целиот изучен материјал ќе го поврземе и преточиме во краен извештај кој ќе биде клучна алатка за донесување на вистински одлуки.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.
Пријавете се!

     

     

    Share on facebook
    Share on twitter
    Share on linkedin