Вовед во програмирање за деца преку креирање на игра

voved-vo-programiranje-za-deca

Програмирањето (кодирање) е една од најатрактивните професии на денешницата која отвора огромен број на можности за личен и кариерен развој. Брзата дигитализација на секојдневието го направи програмирањето една од најмоќните алатки, а воведот во програмирање може да започне и од помлада возраст.

Возраста од 10 до 14 години е перфектна за децата да го разберат начинот на функционирање на програмирањето, а создавање на компјутерски игри е одлична почетна точка. Учењето на основните концепти за развивање на игри може да ги поттикне децата да ја развијат својата креативност, да научат да бидат упорни, трпеливи, да посветуваат внимание на детали и да оформат критичко мислење.

Во листата подолу ќе ги разгледаме бројните бенефити кои може да ги имаат децата доколку започнат со програмирање на игри во програмскиот јазик Python. 

Зошто Python?

Првичниот избор на програмски јазик со кој детето ќе се воведува во кодирање е многу важен. Секој од програмските јазици има различна комплексност и се применува за различни цели, а во продолжение се неколку причини поради кои Python е идеален за деца.

1. Најдобар избор за почетници – синтаксата на програмскиот јазик Python е јасна и лесно читлива, без разлика на возрасната група и претходни знаења. Исто така, многу повеќе наликува на англискиот јазик во споредба со другите програмски јазици и тоа го прави добар за почетници.

2. Подобри резултати при учење – командите кои се користат во Python може да им помогнат на децата да го подобрат пишувањето на англиски јазик, поточно да развијат поконцизен и структуриран пристап и во меѓувреме да го подобрат логичкото и критичкото размислување. Исто така, може да помогне и за совладување на математички проблеми поради тоа што при кодирање децата се соочуваат со покомплексни математички концепти.

3. Лесна инсталација – инсталацијата се завршува со неколку чекори, следејќи ги инструкциите на официјалниот сајт на програмскиот јазик Python.

4. Отвора многу можности – сегашната побарувачка за професионалци кои го владеат Python е многу голема и се очекува истата драстично да се зголеми во следните години. Оваа побарувачка произлегува од бројните намени за кои се користи овој програмски јазик: Data Science, Machine Learning, Artificial Intelligence (машинско учење и вештачка интелигенција), развој на софтвери, веб апликации и многу други употреби.

Откако ја комплетиравме листата на бенефити од рано започнување со Python, ќе ги разгледаме и генералните бенефити кои може да ги имаат децата доколку започнат со кодирање на игра на возраст од 10 до 14 години.

Учењето е забавно

Кога децата се дел од процес на развивање на игра, учењето станува навистина забавно. Целиот процес ги охрабрува да истражуваат дополнителни различни сегменти од развивањето на игри – кодирање, дизајн, истражување на теми и ликови, додавање на интерактивни елементи и многу други работи.

Секогаш кога се гради нешто ново неопходно е тестирање, а при тестирањата нормално е да се сретнеме со багови кои треба да се решат, за притоа да се појават и идеи за нови потенцијални решенија.

Развивање вештини за решавање проблеми

За развивање и создавање на игри неопходни се вештини за решавање на проблеми. Оној којшто ја развива играта треба да размислува на сценарија за можни интеракции во самата содржина на играта. Во игрите неопходно е да се изградат различни типови на пречки и предизвици, а во меѓувреме да создаде и интересна содржина за оној кој ја игра играта.

Помага во учењето на математика и физика

Во развивањето на игри се применуваат многу различни математички принципи и принципи од физика. На пример, во игрите слични на популарната Angry Birds – играчот мора да ги сфати траекториите на движење и аглите за да успешно да напредува низ нивоата. При креирањето и кодирањето на игри, децата користат концепти како геометрија, графикони, насоки, брзина, итн. за да можат да им овозможат на ликовите да се движат.

За да се програмира еден лик и тој да може да оди, да трча, да скока и да танцува, неопходно да се применат овие математички концепти и концепти од физиката.

Ја зголемува самодовербата

Како што напоменавме претходно, децата сега имаат можност и да создаваат игри, а не само да ја консумираат нивната содржина. Токму создавањето на една игра може да им направи чувство на исполнетост и да им ги засили интересите за одредени полиња, уште во развојните години. Како и возрасните, доколку децата забележат дека луѓето околу нив се заинтересирани да ја играат играта која ја создале, им дава поттик да продолжат да работат и да учат на тоа поле.

Ајде заеднички да ја создадеме првата игра

Академијата на Data Masters организира тринеделна обука програмирање Block-Breaker игра во Python која е одличен вовед во светот на програмските јазици. Block-Breaker е компјутерска игра за еден играч, во која главната цел е преку користење на подвижна платформа која одбива топче да се скршат сите коцки на екранот. Важи за игра која може да се испрограмира во повеќе програмски јазици, но Python овозможува најлесна платформа за создавање на едноставни игри како неа и токму затоа програмирањето ќе го направиме во него.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.
Пријавете се!