Интернационални предавачи на Data Science Академијата – Спој помеѓу консалтинг и имплементација на Data Science

1234

Data Science како најпросперитетната насока во ИТ сферата ќе придонесе за раст во кариерата на секоја индивидуа заинтересирана за извлекување вредност од податоците преку употреба на статистички анализи и модерни Machine Learning алгоритми.

Голема чест ни е да ги претставиме Reda Vysniauskaite и Alessandro Re кои се дел од новите интернационални почесни гости-предавачи во академијата за Data Science (вклучувајќи го и Бојан Најденов кој веќе го најавивме) организирана од страна на Data Masters.
Нивните долгогодишни обиди и успеси ќе ги пренесат на академијата, во одлично спакувани предавања со цел слушателите да постигнат далеку поголем успех во полето на Data Science.

Reda Vysniauskaite има дипломирано Меѓународен Бизнис при универзитетот Ливерпул во Велика Британија и работи како менаџер за развој на бизнис во Closer Consulting Ltd, една од најголемите компании во Португалија која што е поврзана со Data Science и специјализира во деловна интелигенција, напредна аналитика и вештачка интелигенција.
Познавањата на бизнисот за кој работите е огромен must-have за правилно спроведување на функционални решенија. Еден Data Scientist треба да биде посредник помеѓу ИТ и бизнис секторот. Според Реда ова е огромен плус за работење во ова поле, бидејки само така ќе можете да донесете резултати кои ќе и помогнат на вашата компанија да стигне до повисоко ниво, и на тој начин ќе го почувствувате импактот од вашата работа.

Таа ни дава перспектива за каков е светот на продажбата во Data Science секторот:
„Кога е вистинското време?“ е најголемиот предизвик во светот на продажбата. Не постои еден точен одговор, туку со континуирано учење, анализа и адаптација кон потребите и желбите на клиентите може да се дојде до решение кое е функционално објаснува Reda.

Мојот совет за сите е да почнат да прават нешто. Истражувајте, пробувајте, читајте и дискутирајте. Никој не го поседува апсолутниот одговор, во ред е да грешиме, нешто што сметам дека треба често да си повторуваме. Она што можеби треба да го прифатиме е дека мораме да бидеме бестрашни и да не дозволуваме грешките да не одвратат од повторно пробување“ (Reda Vysniauskaite)

Овој кариерен пат придонесува доста можности во вашето надградување како индивидуи.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin