Бојан Најденов – guest speaker на Data Science академијата

bojan najdenov

Кој дел од работата најмногу те исполнува?

Динамиката – како консултант работам на различни проекти, се соочувам со различни проблематки, со различни луѓе и тимови, кај различни клиенти. Средината околу мене постојано се менува и бара од мене брзо да учам и брзо да се адаптирам.
Исполнување високи очекувања на клиентите – најчесто клиентите купуваат консултантски услуги или поради уникатна понуда (тие немаат кадри кои можат да ги исполнат очекуваните задачи) или поради ургентноста и големиот импакт на проектот кој бара зголемување, комплементирање на постоечки тим. Во секој случај постојат високи очекувања врз консултантите, и ми претставува посебно задоволство да ги постигнувам и надминувам.
Патувања – проектите на кои работам се од интернационален карактер, клиентите имаат операции во различни земји кои често ги посетувам. Речиси секоја недела летам на некоја Европска дестинација, поминувам неколку денови во добри хотели и добивам шанса да бидам дел од локалното секојдневие на различните градови.

Со какви предизвици се соочуваш секојдневно во твојата професија?

Еден од најголемите предизвици со кои се соочувам е фактот дека постојано работам со експерти кои имаат неспоредливо поголемо искуство од моето во конретна област, додека јас како консултант треба да ја стекнам нивната доверба и да покажам дека имам знаења и вештини врз кои тие можат да се потпрат.
Работата бара од мене да бидам фасилитатор и активен учесник во дискусиите, да идентификувам проблеми и да придонесувам со идеи за нивно разрешување.
Тоа најчесто го постигнувам со активно слушање, поставување на вистинските прашања со постојан фокус кон тоа што е целта која сакаме да ја постигнеме. На некој начин, давам се’ од себе да бидам ‘мост’ помеѓу ИТ и Бизнис организацијата.

Кои се можностите за напредок во овој кариерен пат?

Динамичната природа на консултантската работа, отсликана во промената на проекти, клиенти, тимови и целокупната средина околу нас, нуди можност за постојано сретнување со различни типови на проблеми. Тоа пак, ни дава различни перспективи и не’ носи на еден вид ‘fast track’ до збогатување на нашето искуство.
Дополнително, динамиката придонесува до видно зголемување на нашата мрежа на контакти, како и нашиот личен бренд, што понатаму е и основа за добивање поголеми одговорности и напредувања.
Високите очекувања од страна на клиентите и ургентноста на проблемите со кои се соочуваме, даваат мотивација да учиме брзо, да работиме на себе и да бидеме подобри од тоа што сме денес.

Како го дефинираш успехот или што претставува успех за тебе?

Успехот, како една субјективна мерка, го поврзувам со чувство на лична исполнетост, задоволство од тоа каде се наоѓаме. Го гледам како целина составена од:

  • низа кариерни достигнувања (задоволство од нивото на напредок, типот на задачи кои ги работиме, recognition од страна на луѓето со кои работиме и финансиски recognition)
  • нашата емоционална состојба, чувствата кои секојдневно не обземаат и блиските луѓе кои не опкружуваат (било тоа да е нашиот партнер, семејство, пријатели)
  • активности кои прават да се чувствуваме среќни и здрави (спорт, патувања, хоби)

Успешен човек за мене е оној кој е задоволен од своите достигнувања во тие 3 димензии.

 

Како може човек кој започнува во полето да се истакне од толпата?

За да се ‘издигнеме од толпата’, мислам дека клучно нешто е да поседуваме и активно да работиме на нашиот ‘can-do attitude’ – став кој покажува ‘service-mindedness и кој ќе ги стави нашите клиенти на прво место, ќе даде до знаење дека нивниот успех е наша цел и пасија!
Дополнително, работењето на нашата емоционалната интелигенција сметам дека е многу важно, со цел постојано да ги подобруваме нашите комуникациски вештини, да ги разбереме подобро пораките кои нашите клиенти се обидуваат да ни ги пренесат, и да умееме да направиме тие подобро да се чувствуваат во наше присуство.
Како предуслов, секако, мора да поседуваме знаења од областа во која работиме, да имаме високо развиени аналитички ’problem solving’ вештини, и брзо да впиваме нови информации кои активно ќе ги користиме.

Твој совет за оние кои менуваат или планираат да сменат кариера.

Како човек кој неколку пати ја ‘промени’ кариерата и образовниот пат (истражувајќи различни факултети и смерови), би рекол – верувајте во себе и не се откажувајте од своите идеи! Јасно дефинирајте ги целите и фокусирано работете на нив (како што велат низа книги за self improvement кои верувам сите сме ги читале).
Во ред е и да не знаеме што е тоа што најмногу ни’ се допаѓа, во ред е и да искусиме различни работни позиции и job descriptions – убеден сум дека тие ќе не донесат чекор поблиску до откривањето на нашата идеална кариреа, чекор поблиску до подобро спознавање на себе си.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin