“Data Science е значaен сојузник на бизнисот“– интервју со Катерина Јангеловска

intervju so katerina jangelovska

Носењето на професионални и бизнис одлуки како краткорочно така и долгорочно подразбира согледување на многу податоци кои веќе ви се на располагање. Умешноста лежи во тоа како од мноштвото да се изведе заклучок и потоа соодветно на него да се донесе одлука. Ова е применливо во широк домен на области – од сметководство, магацинско работење, па сè до маркетинг, човечки ресурси, менаџмент, увоз и извоз и токму благодарение на широката примена, Data Science добива на сè поголемо значење. Оние што ќе го препознаат нејзиниот потенцијал навреме, ќе можат лично да прогресираат во својот домен, додека пак бизнисите ќе можат навремено да реагираат и планираат за да ја победат конкуренцијата.

Со цел да го приближиме значењето и важноста на сето ова, разговаравме со Катерина Јангеловска, Data Scientist и раководител на академијата на Data Masters.

 

Во кои сè аспекти може да помогне Data Science? Кои се нејзините најсилни страни како поддршка за еден бизнис или организација?

Data Science може да помогне и да му додаде вредност буквално на секој бизнис и секоја компанија која знае и умее рационално да ги користи своите податоци. Со постојан увид во податоците, соодветна анализа, применување на статистички методи и правилно толкување на метриките ќе успеете да стигнете до значајни заклучоци кои ќе бидат од огромно значење при превземање нови чекори, одбирање на клучно решение, поттикнување на побрз раст на бизнисот и намалување на ризикот. Секој бизнис се соочува со различен тип на ризик и  различен начин со негово менаџирање, со цел максимизирање на профитот и намалување на загубата. Начинот на управување со ризикот е нешто што одамна постои и е многу зависно од податоците. Во денешно време, благодарение на новата data science ера која нуди повисоко ниво на софистицираност и придобивки што се далеку подобри од досегашните методи, можеме успешно да се справиме со огромно количество на податоци и да го минимизираме ризикот. Една од многуте области во кои може да се примени data science за навремено детектирање, како и брзо и ефикасно дејствување за управување со ризикот се финансиските институции, каде што се генерираат огромни количини на податоци во форма на банкарски трансакции.

 

Дали имаш чувство дека Data Science е можеби погрешно перцепирана? Кои се најчестите заблуди поврзани со неа и што е потребно за да се совлада?

Не би рекла погрешно, но сметам дека од многумина е перцепирана како нешто што е многу тешко да се совлада. Самиот факт што е мултидисциплинарна наука и бара познавање од три различни области – програмирање, статистика и бизнис, влијае врз ентузијазмот за човек да проба да се пронајде во ова поле.

Јас би издвоила неколку заблуди и митови со кои најчесто сум се сретнала:

  • Data Science и Big Data се исто
  • Data Science се применува само во големи компании
  • Треба да си одличен програмер за да работиш како Data Scientist
  • Познавање на една алатка е доволно
  • Поголемо количество на податоци значат и поголема точност

 

Со оглед на тоа што Data Science е релативно нова област и во светски рамки, колку компаниите и индивидуалците во Македонија се запознаени со нејзината практична примена?

Иако кај нас е недоволно развиена, сè повеќе индивидуалци и компании дознаваат и пројавуваат интерес за Data Science. Дефинитивно можеме да се пофалиме и издвоиме како компанија која во 2019 за прв пат овозможи обуки и воведе академија во Македонија, со цел да се создава и шири Data Science заедницата. Воедно би додала дека во моментот имаме активна обука Data Analytics for Business Decision Making која топло ја препорачувам на сите оние кои сакаат да се надоградуваат и да научат нешто ново, бидејќи е моќен спој од различни алатки и овозможува стекнување со аналитичен начин на размислување, толкување и визуелизација на податоци кои потоа би се преточиле во извештај. Крајната цел е врз основа на наученото, посетителите на обуката да можат да носат бизнис одлуки во своето поле на работа (пример маркетинг, сметководство, менаџмент итн).

 

Какво предзнаење е потребно за да се биде дел од обуката?

Генерално, за обуките и академиите не е потребно некакво особено предзнаење, наменети се буквално за почетници и ентузијасти кои сакаат да навлезат во светот на Data Science, но предност би било доколку некој има искуство со работа во Excel и сака да работи со бројки 🙂

 

Како последица на COVID-19, бизнисите се дигитализираа за навистина брзо време што со себе донесе два предизвика – што со сите податоци што ги имаме и како да ги искористиме за да напредуваме? Што би ги советувала локалните бизниси, организации и институции во поглед на искористување на податоците за новите стратегии?

Би рекла дека пандемијата ги донесе податоците во центарот на вниманието, бидејќи сè повеќе бизниси се дигитализираа, а со тоа се зголеми и потребата од луѓе кои имаат вештини да работат со податоци. Сè повеќе се побаруваат луѓе кои знаат да донесат одлука базирана на податоци, кои имаат логички и аналитички начин на размилување и умеат да користат барем некој од програмските јазици наменет за анализа на податоци.

Во свет што постојано се менува, нормално е да се чувствувате како да немате контрола над она што се случува понатаму, но она што можете да го контролирате е вашето образование и знаење.

Бизнисите и генерално професионалците би ги советувала да обрнат внимание на податоците, оваа дигитална преродба донесе мноштво на податоци кои не само што треба туку и мора да се искористат.

 

Постои ли поле или вид на бизнис кој особено може да ја искористи моќта на Data Science?

Дефинитивно може да се примени во најразлични индустрии, но овде би ја издвоила медицината како поле во кое предвидувањето на одредена болест може да биде од огромна помош и значење.

Во суштина, Data Science е значаен сојузник на бизнисот.

 

Од друга страна Data Science е област што нуди значаен кариерен пресврт и надградба за еден професионалец. Како би го оценила интересот за неа на индивидуално ниво?

Да, точно така, одлуката да се навлезе во Data Science за многумина од студeнтите може да означува голем кариерен чекор, што за некој подразбира и комплетно менување на претходната професија. Но, и покрај сè, се среќаваме со студенти кои имаат најразлични позадини и имаат голем интерес и желба за да се стекнат со потребните вештини и да ги изучуваат најбараните алатки денес.

 

Што би им порачала на оние кои допрва сакаат да изучуваат Data Science?

Ги охрабрувам да започнат веднаш, бидејќи Data Science во последно време зема толку многу замав што за неколку години од сега веројатно би била една од најбараните професии во IT индустријата.

Исто така, вратите на Data Masters се отворени за секакви совети и препораки за сите кои имаат интерес да навлезат во ова поле, следете ја нашата богата академска програма која покрива многу аспекти и ви ги отвара вратите за првите чекори во вашата Data Science кариера.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.

Од нашиот блог