Васил Малјановски – студент на обуката за Анализа на податоци преку Power BI

pr-vasil

Здраво Васил! Дали може да ни се претставиш на кратко?

Јас сум Васил Малјановски, магистер по телекомуникации кој работи веќе 14 години во една компанија за телекомуникации. Мојата работа опфаќа екстракција на податоци, нивна обработка, анализа и нивно презентирање. Инаку приватно, татко на две деца кој „одморот од реалноста“ го наоѓа во музиката и боречката вештина Wing Chun Kung Fu.

Како се одлучи да се запишеш на обуката за Анализа на податоци преку Power BI?

Со оглед на тоа што податоците ми се секојдневие сакав еволуција на тоа поле. Минатата година ја поминав обуката за анализа и визуелизација на податоци со Python на Data Masters и многу бев задоволен од професионализмот, неформалноста и практичната реална примена на стекнатото знаење што решив овојпат да пробам нешто слично. Од друга страна секогаш ме интересирала статистиката, односно опишување и објаснување на однесувањето на еден систем составен од огромен број единки кои навидум се хаотични, но сепак нивната тенденција е предвидлива.

Како би го опишал твоето искуство на обуката?

Искуството е одлично, и покрај тоа што обуката беше реализирана online. Првенствено бевме на една платформа, а потоа се адаптиравме едни на други со друго решение за видеоконференција. Предавањата беа интерактивни со големо разбирање од страна на Даниела на нашата способност за восприемање на новите сознанија.

Кој дел од обуката најмногу ти се допадна?

Оној дел кога направивме рекапитулација на материјалот со едно мини проектче кадешто ги применивме претходно научените знаења. Тогаш, на некој начин, почувствував дека претходните лекции кои опфаќаа различни аспекти конвергираа во една целина.

Како би го имплементирал наученото во твојот бизнис домен? 

Па, како и секоја нова материја на почетокот очекувам потешкотии поради brain rewiring, а потоа верувам релативно лесно поради интуитивниот GUI. Со податоците со коишто се среќавам секој ден едноставно сега би манипулирал со нова пософистицирана алатка, Power BI.

Имаш некој совет или порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да нaвлезе во светот на Business Intelligence?

Морам да кажам дека Power BI е алатка која секој бизнис аналитичар би било убаво да ја знае не само поради тоа што е in туку и поради тоа што начинот на визуелизација е така направен да лесно може да се извлече заклучок од изворните податоци а со тоа и полесно да се донесе бизнис одлука.

Интервјуа со нашите студенти