Која е Оливера Павловска Станојевиќ и кој беше твојот мотив за започнување на обуката за Основи на Data Science?
Јас сум дипломиран економист и магистер по софтверско инженерство, вработена во АД ЕСМ како раководител на управување со долг. Уште кога завршив со факултетското образование и кога се запишував на магистерски студии на ФИНКИ, знаев дека економијата и информационите технологии се на некој начин единствен спој со НЗС “Data”. Едната наука ја дава смислата (потребата) за нивното постоење, а другата – логичната подреденост и форма. Околу 10 години работам со подготовка на извештаи преку собирање на податоци од разни извори во компанијата и надвор од неа и преку нивна комбинирање подготвувам проекции за работењето на компанијата во иднина.
Во која област од Data Science најмногу се пронајде себе си?
Можноста преку Machine Learning да се предвиди „тренд“ на одреден сет од податоци, истиот да се истренира и да се користи за понатамошни предвидувања за мене е фантастична. Може да се користат за предвидување на трошоци, цени, приходи. Можностите се бесконечни, секојдневно применливи и едноставно моќни.
Кој е твојот совет за сите оние кои се двоумат околу започнување на нивниот Data Science career path?
Data Science може да се примени за било каков сет од податоци,и поради тоа секој кој има интерес нешто да истражи, да предвиди некаков „тренд“ или да докаже нешто – ова е вистинска работа за него без разлика на познавања од информационите технологии. Data Science е иднината! Кај нас сѐ уште е новитет и навистина е супер што Data Masters ни ја доближува таа иднина и ни овозможува применето учење преку нивните обуки.
Какви познавања треба еден човек да поседува за да може лесно да се снајде во нашата Data Science обука?
Потребно е да се има познавања од математика, статистика и програмирање во Python. Јас лично немав познавања од Python, додека математиката и статистиката од секогаш ми биле силна страна, но тимот на Data Masters секако ќе Ви помогне и со познатото и со непознатото.
Имаш некој совет или порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да нaвлезе во светот на Data Science?
Податоците се статистички збир на минати настани и параметри, ги има насекаде околу нас па прашањето е зошто да не ги искористиме и да научиме нешто од нив за скок во иднината.