„На обуката ја реоткрив љубовта за маневрирање со податоци“

Никола Јовановски е дипломиран економист на насоката е-бизнис, а сега работи како продажно лице во компанија што работи со податоци за истражување на пазари. Учеството на обуката Data Analytics in Finance е на сопствена иницијатива, бидејќи се почувствувал дека и покрај знаењата од бизнис делот, му недостасувало технчко знаење на алатките кои се дел од програмата на обуката. 

Со Никола разговаравме за неговото целокупно искуство на обуката, примената на Microsoft Power BI во неговото секојдневно работење и дознавме како тој ги користи знаењата кои ги стекна за време на обуката во Data Masters Academy. 

 

 

Каква е поврзаноста на секторот sales со работата со податоци во вашата компанија?

Мојата работа главно се базира на визуализација и извештаи за продажниот перформанс на тимот изразен во суми, број на продажби и рангирање на продукти и клиенти. Од друга страна, исто така инкорпорираме и компарација со истиот период од предходната година, како и со предходниот месец за поточно да се процени идната реализација.

 

Велите дека целосно сте го преземале репортингот и визуелизација на податоците на сегашната работна позиција. Како и дали овој момент ја подобри вашата позиција во компанијата?

Новостекнатото знаење за работа во Power BI ми ги помогна за усовршување на постоечките извештаи што веќе ги користвме. Извештаите се подобрени во насока на ефикасна и јасна контролна табла, која ги вклучува само најбитните информации за клучните индикатори за перформанс (KPIs), кои се важни за еден модерен тим за продажба. И поради самоиницијативноста, назначен сум за креиранње и одржување за бизнис интелегенцијата на целосната организација, со фокус на податоците што се внесени во нашиот деловен софтвер, вклучувајќи ги сметководствените податоци, маркетинг податоците, агилениот продукт менаџмент и сообраќајот на веб страната.

 

Дали можете да извдвоите конкретен пример за користење на алатката Power BI во секојдневното работење?

Нашиот тим сега користи еден дашборд, на кој на неделно ниво вршиме преглед на моменталниот статус на приходите, компарација на приходи со истиот месец претходната година, го мериме месечниот приход по продажно лице и слично. На дневно ниво, дашбордот ни служи за потсетник за активности и задачи кои треба да ги извршиме: приказ на нарачки за фактурирање, листа со проспекти и други поконкретни компаниски потреби.

 

Алатката Power BI ја посочувате како омилена од трите кои се изучуваат на DAF. Како познавањето на истата може да им помогне на професионалците во продажниот сектор да си ја олеснат секојдневната работа?

Ако една слика вреди илјада зборови, тогаш еден графикон вреди колку илјада информации. Сигурен сум дека на било кое лице што работи комерција, продажба, маркетинг, поддршка на клиенти, без разлика на индустрискиот сектор, може да дизајнира дашборд и извештаи за својата работа, а со тоа и да извлече многу нови сознанија за успешноста својот пазар и успешноста на работата. И секако, да креира проактивни известувања по кои тој и неговиот тим може да дејствуваат во иднина.

 

Дали сметате дека компаниите се свесни за моќта на Power BI и за тоа дека квалитетната визуелизација на податоци може да помогне при донесување на подобри бизнис и оперативни одлуки?

Главно, бизнис интелигенцијата е клучен елемент кој му служи на секој лидерски тим во една организација. Кога веќе самата организација располага со сите податоци од основното работење, не е потребно да се ангажираат премногу ресурси за да се извлече голема вредност од нив. Токму таа дополнителна вредност може да помогне за стратешкиот развој на компанијата и подобрување на секојдневните операции.

 

Со оглед на фактот дека работите од продажниот сектор, а обично обуката ја посетуваат професионалци од финансискиот сектор: на кој тип на професионалци би ја препорачале обуката Data Analytics in Finance? 

Обуките за Data Analysis и Data Science ги предлагам на сите студенти, вработени или ентузијасти на сите спектари од економско-деловните подрачја (бизнис, маркетинг, финансии, економија) и информатичко-технолошки полиња (компјутерски науми, статистика, СТЕМ). Иако обуката Data Analytics in Finance е со целосен фокус на банкарската индустрија со активности за кредитирање, учењето на основното работење на програмите и јазиците SQL, Python и Power BI претставуваат универзални алатки кои сметам дека може да се применат на секакви датасети и во било кое стручно поле.

 

Покрај фокусот на надополнување на знаењата, кои се вашите лични интереси и хобија во слободното време?

Слободното време го исполнувам со макотрпни тренинзи за издржливост, како што се маратонското трчање(трчање на долги растојанија), но и трчање на планински патеки (Водно и Скопска Црна Гора). Кога не трчам на планините, за рекаксација на истите планинарам со пријателите. Како дел од моите лични интереси се и електронската музика, рачните часовници и non-fiction книгите.

Интервјуа со нашите студенти