„Податоците се клучот за ефективен раст на компаниите“

matej-bojchev

Матеј Бојчев е студент на обуката Data Analytics in Finance и личност која како што вели „отсекогаш го интересирале математика и бројки“. Оттаму и неговата мотивација да студира Финансиски менаџмент на Економскиот факултет, а сега работи за компанија која оперира во САД, во секторот за логистика. Паралелно со сите обврски што ги има, наоѓа време и за себе или како што ни посочи, важно е човек да посвети внимание на физичкото здравје и воедно да чита.

 

Од финансиски менаџмент до логистика. Кога ќе погледнеш зад себе, што е она што те мотивираше да го одбереш токму финансискиот менаџмент за образовна насока, а што те привлече кон логистика?

Желбата да студирам на Економски факултет во насоката финансиски менаџмент, произлезе уште од средно училиште додека го учев предметот Економија. Додека го изучував овој предмет, сфатив дека имам желба да правам анализи, пресметки и едноставно да работам со бројки. Бројките и математиката ми се пасија уште од мали години и кога ќе ги поврзав сите работи кои ме интересираа, се пронајдов во финансискиот менаџмент. Но, со текот на времето го открив секторот за логистика, којшто всушност е моментално еден од најбрзо растечките сектори на глобално ниво. Во овој сектор имаше потреба од млад кадар, луѓе коишто имаат желба и се мотивирани да решаваат проблеми и да вршат анализи. И токму поради тие причини, по моето дипломирање на Економски факултет, одлучив дека логистиката е одличен почеток на мојата професионална кариера.

 

Со каков вид на анализи се соочуваш во рамки на својата позиција во делот на логистика и кои алатки се користат?

Секојдневните анализи и предизвици се дел од моите работни обрски како соработник во логистика (Logistics Associate). Има ситуации кадешто извршувам анализи преку користење на Microsoft Excel и Oracle, сè со цел да дознаам и предвидам дали фабриките со коишто управувам имаат доволен број на продукти за да можат да ги извршат закажаните пратки. Доколку дојде до некој проблем поврзан со нарачката, правам анализа на самиот проблем и наоѓам начин како најефикасно и најефективно да го решам, преку користење на Outlook за комуникација на надредените во фабриката или комуницирање со самите клиенти. Дополнително, користејќи Microsoft Excel секојдневно вршам увид на нарачките и прогноза за комплетирање на истите.

 

Како гледаш на потребата од осовременување на процесите во компаниите од аспект на работа со податоци? Почнува ли да се чувствува промена како во поглед на работата, така и во бројот на луѓе кои стекнуваат нови вештини, односно алатки?

Податоците, особено за современите компании, се од исклучително значење, а ова го потврдуваат и последните истражувања кои покажуваат дека податоците се повредни од златото. Затоа, многу компании ја имаат сфатено важноста на работата со податоци и сè почесто се отвараат работни позиции за аналитичари на податоци. Работата со податоци е процес кој секогаш и секому може да помогне, без разлика дали станува збор за тоа на каков начин да расте и да се подобри бизнисот, а доколку се работи за компанија која работи customer service, како да се придобијат повеќе клиенти. Или пак во случајот на банките, податоците се круцијални за да се открие кои клиенти имаат долг кон банката, кои клиенти сè уште имаат кредити за исплаќање или пак кои клиенти се најредовни и се најкредитно способни. Поради фактот што податоците го движат современиот свет, се зголемува побарувачката за работни позиции како Data Analytics.

 

Што е она што го имаше како предзнаење пред да се запишеш на Data Analytics in Finance и дали има алатка која ти е посебен предизвик да ја совладаш?

Пред да започнам со обуката Data Analytics in Finance, посетив курс за основите на програмскиот јазик SQL, затоа што тој е еден од клучните алатки за анализирање на податоците. Но, иако имав мало предзнање, програмата е структуирана на тој начин што би можел да ги совладам алатките и без истото. Отсекогаш како посебно интересен предизвик сум го сметал програмскиот јазик Python, којшто е во склоп на обуката и ме насочува да размислувам критички.

 

Во кој дел може да се примени она што го изучуваш на обуката во рамки на твојата работа во делот логистика?

Секогаш постои можност за поефикасно функционирање, па така на моменталната работа сметам дека можат да се искористат програмските јазици SQL и Python при поврзување со Microsoft Excel, сè со цел подобро анализирање со податоците, а со тоа и поефективно извршување на дневните обврски. Дури и за компании кои веќе имаат воспоставено систем за анализирање на податоци, новите технологии дефинитивно ќе помогнат за поефективна работа.

 

Кој според тебе би имал бенефит од ваков вид на обука? Дали има конкретни кадри што сметаш дека треба да ја посетат?

Како што напоменав претходно, податоците го движат светот, па затоа работата со податоци е потребна во секоја индустрија. Без разлика дали се работи за IT компанија, банка, болница, ланец на маркети, итн. податоците се клучот за ефективен раст и за донесување на вистински одлуки поткрепени со потребни информации. Затоа сметам дека секој би имал бенефит од ваков тип на обука.

 

Бидејќи неодамна го имаш комплетирано своето формално образование, а се надградуваш преку неформалното, дали би можел да посочиш како се надополнуваат едно со друго?

Целта на секој човек е да се надградува секој ден користејќи ги сите достапни ресурси со коишто располага. Од една страна, факултетот ми ја даде основата и теоријата за тоа како функционираат финансиите и податоците, а од друга страна неформалното образование, вклучувајќи ја и оваа обука, ми помогнаа да ја совладам материјата преку практични примери. Иако сметам дека едукацијата преку практични примери е побитна од теоријата, двете ми овозможуваат да напредувам на професионално ниво.

 

Која е предноста на онлајн програмите, односно предавања кои се конципирани како што е обуката Data Analytics in Finance?

Виртуелните предавања и состаноци станаа норма за ефикасно функционирање на речиси секој бизнис во последните неколку години, благодарение на пандемијата. Поради динамиката на моите работни обврски, предноста на следење на оваа обука онлајн е тоа што можам да ја следам од дома или било каде. Друга предност е тоа што сите материјали се снимени и достапни во секое време, а тоа многу помага при вежбање и совладување на алатките.

 

Кој е следен чекор за тебе, односно во која насока би сакал да ја градиш својата кариера понатаму?

Сметам дека по завршување на оваа обука би можел да ги искористам моите познавања од Data Analytics. Би сакал да продолжам да ги надградувам моите вештини во однос на анализирање и работење со податоци, како и надградување на моето познавање од Microsoft Excel, преку практична работа. Следен предизвик би ми бил да го изучам сите алатки во склоп на Microsoft Office, како и Photoshop.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin