Мојот проект ─ „Предвидување на веројатност за Алцхајмерова болест од лингвистички дефицит и други биомаркери“ ─ е проект кој треба да придонесе за подобрување и унапредување на една од најважните гранки во медицината, а тоа е дијагностиката. Претпоставувам дека сите сте слушнале за овој термин, меѓутоа не сум сигурна дали знаете што точно значи. Дијагностиката претставува скрининг, т.е рано откривање на одредено заболување што сè уште не е клинички манифестирано, односно пациентот не чувстува никакви потешкотии“, вели Маја Николова, специјалист Радиолошки технолог по компјутерска томографија и магнетна резонанца.
„Од моето досегашно искуство испитувањата на пациентите најчесто не се извршени на време поради недостаток на симптоми и ресурси, што подоцна резултира со влошување на состојбата, следење на болните, тешко лекување. и нивна рехабилитација. Ова истражување пред сè има за цел како да се откријат „предиспозициите“ што може да ги поседува секој од нас. Раното откривање на заболувањата односно раното откривање на Алцхајмеровата болест којашто е се позастапена кај младата популација иако сè уште се верува дека тоа е болест на повозрасната популација, е целта на ова истражување”, се надоврзува Маја.
Што те мотивираше да се запишеш на обуката по Data Science?
По завршување на Медицинскиот факултет, своето образование го продолжив на Биоинформатика при ФИНКИ, ќе кажам дека желбата за истражување на податоци и потребата од технички вештини што ми беа потребни за реализација на мојот проект ме мотивираа да се запишам на обуката за Data Science.
Какво беше твоето искуство за време на обуката?
Пред сè, тоа беше нешто ново за мене, од аспект дека кај нас постои компанија која покрај тоа што обучува студенти во областа Data Science, всушност и го работи тоа како консултантски бизнис. Искуството ми беше одлично, презадоволна сум од целиот процес, а најмногу од непосредноста на предавачите и начинот на кој ни го предадоа нивното знаење. Морам да дополнам дека сум исклучително задоволна од нивната достапност,со оглед на тоа што имав многу консултантски состаноци за текот и напредокот на моето истражување. Во секој случај, го направив вистинскиот избор.
Што точно мислиш под „вистинскиот избор”?
Мислам дека образовниот систем во Македонија со чест на исклучоци, општо гледано, е втемлен повеќе на теоретски предавања, а со мала доза на практична работа и вежби. Поради искуството кое го стекнав на постдипломски студии по Биоинформатка, сфатив дека сето теоретско знаење кое го поседувам треба да го пласирам практично, и од тој аспект обуката во Data Masters беше вистинскиот избор. Научив практични вештини кои се од светски калибар, и за прв пат се судрив со обработка на реални податочни множевства, па чекор по чекор, со посредништво на обучувачите, го инкорпорирав знаењето кое го стекнав на обуката за Data Science во овој интердисциплинарен проект чија цел е предикција, односно ран скрининг на заболувањата.
Што после обуката?
Во Македонија е потребно да се увиди значењето на собирањето и обработката на податоци како единствен начин на кој ќе можеме да допринесеме за напредок на сите области во кои ќе се примени ваквиот пристап т.е начин на работење. Овој проект е работен макотрпно, со многу љубов и пред сè со желба за да се помогне. Голема пречка е тоа што во овој момент не може да се примени ова истражување во клинички услови во Македонија поради големиот недостаток на целокупни ресурси. Но и покрај тоа не сум обесхрабрена, ќе продолжам да истражувам, да го развивам проектот со надеж дека еден ден ќе најде примена и ќе помогне за спасување на многу животи. Исто така, се надевам дека овој проект ќе претстува мотивација за младите кои ги изучуваат овие области, да се вложат во истражувања кои би допринеле за подобра и поздрава иднина на сите нас. Можеби заедно ќе можеме да смениме нешто.
Што би им препорачала на идните студенти?
Им препорачувам да се осмелат! И да не се плашат да навлезат во поле кое им е непознато, бидејќи како што јас успеав да ги спојам Медицината и Data Science, сигурно и вие ќе најдете примена на Data Science во вашата област.