„Data scientist e хибрид од data хакер, аналитичар и доверлив консултант“

intervju-kosta

Дипломиран економист на Економски Факултет во Скопје, отсек надворешна трговија. Веднаш по праксата започнува со работа во меѓународна шпедиција каде што работи како царински декларант веќе осум години. Коста вели дека секојдневната динамика во работата во однос на постапки за царинење, консултативни работи, организирање и следење на пазарот за транспорт за бизнис клиенти се главните причини за побрз напредок во кариерата. Воедно смета дека со развојот на новите технологии, посебно во царинскиот сектор има можност за унапредување на процесите на царинење и логистичките решенија со цел да се скрати времето за подготвување на истите.

Како го гледате развивањето на вашата кариера во следните 5 години?

Кога се запишав на академијата верував во процесот на изучување на нови вештини и унапредување на мојата кариера во светот на Data Science, но како поминуваа месеците, убеден сум во тоа. Со стекнати знаењa како и досегашното искуство, би започнал во сферата на бизнис анализи и финасиско консултанство врз база на моделите на машинско учење. Исто така, би сакал да го запишам вториот циклус на студии на Факултетот за информатички науки и комјутерско инжинерство на отсекот ,,Статистика за анализа на податоци”. Интердисциплинарноста во науката и секојдевниот развој отвара огромен простор за развивање на мојата кариера, но со соодеветен тренинг и љубопитност во следните пет години се гледам во унапредување на моделите за предвидување во светот на Big Data.

Како се справувате со тешки бизнис ситуации?

Со оглед на досегашното искуство и секојденвното запознавање со проблемите на клиентите и нивно решавање, сметам дека солидно се справувам со попредизвикувачките ситуации. Како доминантна особина кај себе ја сметам желбата за навлегување под површината на ситуацијата, наоѓање на прашања во срцето на проблемот и лансирање на нив во јасни сетови на хипотези кои ќе можат да бидат тестирани за изнаоѓање на квалитетни решенија.

Споделето го вашето најголемо достигнување во животот?

Јас верувам во чуда. Изучувањето на алатки и вештини  за собирање, читање на податоци, визуелизација, тренирање и на крај правење на модели за предвидување во светот на Data Science го сметам како најголемо достигнување во кариерниот пат. Можноста преку податоци од минатото, живеејќи ја сегашноста, да ја предвидиш иднината за мене е вистинско чудо.

Поминаа 8 месеци од Академијата. Дали се сеќавате на вашата прва средба?

Секако, беше лето кога бев повикан на интервју и како што се приближував до вашите простории нивото на адреналин сè повеќе растеше. Имав трема поради неизвесноста ама во позитивна смисла. Интервјуто го водеше Мартина, нашиот гуру овие 8 месеци, и по разговорот со неа во кој таа детално ja објасни науката и го сподели нејзиното искуство, добив чувство дека ја најдов професијата од соништата. Да имаш можност во нашава земја да учиш и работиш со dream team на професионалци како Мартина, Симон и Фицо, според мене е вистниски луксуз и полн погодок.

Како се пронајдовте во светот на Data Science и што оваа академија направи за вас?

Во светот на Data Science влегов како апсолутен почетник. Мислам дека одлично се вклопив во средината, добив исклучителни знаења во оваа област, но како што би рекла Мартина, треба да легнат работите. Академијата ми го смени начинот на размислување комплетно и ми ја врати желбата за развивање на  специјализирани вештини кои ќе ме изградат во една нова улога на Data Scientist кои се пионери во менување на целокупниот светски тренд.

Какво е вашето online искуство на предавањата?

Online предавањата за мене лично беа вистинско препородување и вклучување во процесот на учење со полна пареа. Претходните месеци немав време апсолутно за ништо и бев во трка со времето секојденвно. Online предавањата се одлично органзиирани и во рамки на нив развив нова вештина во процесот на учење, како учење за да можеш да го пренсеш на друг.

На каков проект работите за крајот на академијата?

Проектот кој го избравме е вистински предизвик за нас. Ќе работиме на Prediction of PD for bank со вистински податоци и ќе имаме шанса да го покажеме нашето data знаење стекнато во овие 8 месеци. Новите алатки од светот на Data Science можат да се користат во различни кредитини анализи и рамки за управување со ризик. Токму тоа ќе биде клучен краен прозивод на нашето истражување како главен економски параметар кој ќе се користи при пресметка на економскиот капитал за банкарската институција.

Што би му кажале на некој кој размислува да биде дел од Акдемијата за Data Science?

Data Scientist e хибрид од data хакер, аналитичар и доверлив консултант. Комбинацијата на овие елемнти е исклучително моќна. Секој кој се чувствува поготвен да се впушти во едно вакво патување мислам дека не треба воопшто да се двоуми. Во Data Masters ќе ве пречекаат исклучително искрени и топли луѓе, вистински експерти кои на најсоодветен и најлесен начин ќе ви го пренесат нивното знаење и огромно познавање во светот на Data Science.

Интервјуа со нашите студенти