Катерина Стојанова – студент на обуката за Анализа на податоци преку Power BI

pr-katerina-2-1-e1604170625639

Здраво Катерина! Дали накратко можеш да ни се претставиш?

Моето име е Катерина Стојанова, дипломиран Машински инженер од оддел Индустриско инженерство и менаџмент. Јас сум млада и амбициозна личност водена од својата желба за знаење и предизвици кои ги носи патот до успешно постигната цел. Себе си можам да се опишам како флексибилна личност со отворен ум која мисли надвор од границите и бара можности за своевремено себеспознавање и надоградување на секое поле од животот.

Како се одлучи да се запишеш на обуката за Анализа и визуелизација на податоци преку Power BI?

Низ годините сфатив колку е важно еден бизнис да ги има правите, точни и брзи информации во право време за донесување одлуки од витално значење за бизнисот. Работам во интернационална комапнија каде што Power BI App се користи за визуелно прикажување на анализирани податоци па појдовна точка ми беше љубопитноста од каде потекнуваат сите тие визуелни прикази и како се обработуваат. Барајќи нова можност каде што ќе можам да се надоградам  лично и професионално да учам нови работи и да превземам нови предизвици по патот на градење на мојата кариера аплицирав на обуката за Анализа и Визуелизација на податоци преку Power BI. Мотивот и желбата да искачам уште една скала во мојата кариера ме наведе подлабоко да се запознаам со оваа алатка.

Дали би можела да го опишеш твоето искуство на обуката?

Чест и задоволство ми беше да присутвувам на обука од ваков карактер (за мене нетолку познато поле), но со помош на предавачот Даниела која беше одлична и прагматична во предавањата без потешкотии успеав да добијам реална слика за предноста на анализа на податоци преку Power BI. Наидов на склоп од бизнис надополнето со информатика каде што може да најде широка примена па дури и во производната индустрија, потоа да се надополнам со соодветно знаење и да се заинтересирам за понатамошно градење на мојата кариера во оваа насока. Големо значење во обуката имаше тоа што теоретскиот дел беше поддржан со доста добар практичен дел кој ти ја доловува вистинската придобивка во реалноста од оваа алатка. Мој заклучок по оваа обука е дека Power BI како алатка за анализа е од особено голема важност за компаниите кои имаат потреба од обработка на податоци од значаен карактер. Исто така, сметам дека Power BI треба да претставува основ за понатамошни ефективни и ефикасни одлуки при водење на работата.

Кој дел од обуката најмногу ти се допадна?

Уште првиот час знаев дека го имам направено вистинскиот чекор. Искрено не можам да одвојам посебен дел поради тоа што целокупната обуката е многу важна. Фасцинирана сум од многу работи, почнувајќи од поврзување на релацииите, потоа од едноставните калкулации, па сѐ до посложените калкулации каде што со фиктивни пресметки се добиваат брзи, прецизни и потребни резултати. Ми се допадна начинот на кој се прибираат, вклопуват и анализираат податоците. Ми се допадна тоа што на крај добив и реална слика како обработените податоци се прикачуваат на Power BI Аpp и како можеме визуелно кратко и јасно да ја следиме моменталната слика, а сето тоа да биде ажурирано навреме.

Како би го имплементирала наученото во твојот бизнис домен?

Со оглед на тоа што во нашата компанија веќе се запознаени со оваа алатка, мислам дека ќе имам можност за понатамошна надоградување и можност за користење на оваа алатка. Бидејќи работам во Одел за снабдувачки синџир, мислам дека со користење на  Power BI, ќе се поедностави потребата за следење на навременоста на добавувачите и податоците кои се поврзани со истите, и ќе можеме подетално и наврмено да добиваме слика, доколку ја користиме оваа алатка. Имаме доста голема база на податоци од добавувачи кои засега ги обработуваме мануелно или со поедноставен, а можеби помакотрпен начин на анализа. Така што тука би можело да се имплементира и користи оваа алатка. Има бескрајно многу начини да се искористи и имплементира секаде каде што има влез на голем број податоци. Уште еден домен во производната индустија каде што би можело да се имплементира, е во надгледување на движењето на податоците во складиштата. Тие што работат во производна индустрија и што имаат допирна точка со влез на голем број на компоненти и податоции во едно складиште (warehouse), би биле среќни да може тоа да се визуелизира и прикажува на едноставен, ама многу значаен начин, а мислам дека тоа може да се постигне преку користење на оваа алатка.

Имаш некој совет или порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да нaвлезе во светот на Business Intelligence?

Оваа обука би му ја препорачала на секој кој што сака да избега од досега класичната брканица во анализа на обемни податоци и кој сака да напредува на поле кое дури сега ќе биде актуелно и ќе се шири неговата употреба. Секој што сака да биде дел од прагматичен нов свет, каде што се потребни мешавина од бизнис, технички, информатички и нормално, најважното, аналитички вештини, да се впушта во оваа авнтура без размислување. „Работете со смислени чекори и вложен труд, оставете успехот да зборува за вас.“

Интервјуа со нашите студенти