Катерина Гацовски максимално ја искористи обуката Data Analytics in Finance на Академијата на Data Masters, успешно совладувајќи ги модулите SQL, Python и Power BI. И покрај ограниченото време поради семејните и работните обврски, Катерина која е магистер по економски науки, одлично го надогради постоечкото доменско знаење од банкарскиот сектор, се истакна како еден од најактивните учесници во групата.
Со Катерина разговаравме за нејзиното искуство на Академијата на Data Masters, за нејзините претходни кариерни искуства и за плановите во иднина.
Бидејќи претходно имате искуство со работа со податоци во биро за судски вештачења: Како новите алатки и технологии, според вас, можат да ја подобрат и олеснат работата во еден ваков тип на институција?
Новите алатки и технологии можат многу да придонесат во обработката на податоците. Брзо, прецизно и конкретно изготвување на извештаи кои ќе заштедат на време и визуелизацијата на податоците е неспоредливо подобра во однос на стандардните алатки.
Велите дека програмирањето е сосема нешто ново за вас. Како успеавте да се прилагодите на тој дел од обуката и дали сметате дека го совладавте тој „програмерски“ начин на размислување?
Отсекогаш сум сакала да учам нови работи и да прифакам нови предизвици. Па така беше и овој пат, решив да излезам од комфорт зоната. Да се впуштам во непознатата област и да ја откривам и совладам. Голема помош ми беа предавачите кои се достапни за консултација во секое време.
Програмскиот јазик SQL го посочувате како омилен од трите кои се изучуваат. Што од работата со него најмногу Ве привлече и каде ја гледате примената во секојдневната работа?
Најмногу ме привлече уредноста на кодирањето, дефинирањето и манипулацијата со податоците. Секој код сам по себе по постојаното користење станува поконкретен, оптимален и целосно испишан завршен код е како приказна. Дефинитивно е големо олеснување во работењето. Стануза збор за алтернативно решение за обработка на податоците, преку кое точен и конкретен резултат се добива за неколку секунди.
Освен знаењата од математиката, со какви преднзаења за анализа на податоци дојдовте на обуката и како тоа ви помогна за совладување на модулот SQL?
Некои посебни предзнаења немав. Совладувањето на SQL го постигнав најмногу со вежбање на зададените задачи со мој начин на размислување и изнајдување логички решенија.
Kоја е предноста на онлајн предавањата и како успевате да ги балансирате личните обврски и обврските кои произлегуваат од обуката?
Со оглед на тоа што имам две мали деца, од кои едното беше тримесечно бебе кога ја започнав обуката, беше потребна голема организација, пожртвуваност и поддршка од семејството. Тоа што беше онлајн ми беше од голема помош, можев да направам распоред за да присуствувам на сите часови. Бидејќи сите часови се снимаат, се достапни кога и да имав потреба да преслушам или да доработам некоја задача кога ќе имав можност.
Што би им препорачале на оние кои се двоумат да го направат следниот чекор, односно да стекнат знаење за нова вештина, алатка или техонологија?
Да не се двоумат, да се излезе од комфорт зоната.Човек учи додека е жив, па така и впуштање кон ново и непознато. Ништо не може да се изгуби, може само да се добие. За успешно да ја завршите обуката неопходна е голема мотивација, желба и упорност.