Илија Филиповски – студент на обуката Основи на Data Science

intervju-ilija-filipovski

Кој е Илија Филиповски и како дојде до обуката за Основи на Data Science?

Студент/апсолвент на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. За обуката за Основи на Data Science дознав преку социјалните мрежи. Долго време барав место каде би имал можност да изучам Data Science, а фактот што претходно присуствував на една обука организирана од Филип ми даде поттик да се пријавам на обуката за Основи на Data Science на академијата на Data Masters.

Што е она кое најмногу те исполни на обуката?

Ме исполни фактот што имав инструктори кои во секое време ни беа на располагање и со големо задоволство ни го пренесоа нивното знаење. Со нивна помош успешно го совладав материјалот. Сега сум далеку посамоуверен во моите Data Science вештини. Сѐ уште не би се нарекол Data Scientist, но мислам дека сум на добар пат.

Што би им препорачал на оние кои се двоумат да го започнат својот пат во Data Science?

Би им препорачал да го направат првиот чекор. Дефинитивно постојат предиспозиции потребни за да се стане целосно способен Data Scientist, но тоа не е нешто кое мене ме одврати, ниту пак сметам дека треба да претставува пречка за останатите. Моја лична препорака е постојано да учат бидејќи ова е поле кое брзо се менува и адаптира и поради тоа бара постојано надградување.

Кои се најголемите предизвици со кои ти се соочи при изучување на вештините кои се нудат на оваа обука?

Предизвик за мене беше Python логиката. Треба навикнување на тој програмски јазик, но откако ќе проработиш некое време со него, станува природен и лесен за употреба. Во зависност од академската позадина на човекот кој влетува во ова поле, како предизвик може да биде математиката или статистиката, за други пак тоа е програмирањето, но според мене тоа се работи кои генерално можат да се изучат со малку повеќе труд.

Дали би ја препорачал оваа обука на твоите колеги и познаници?

Дефинитивно да. Обуката за мене претставуваше одличен почеток кон една обемна тематика. Вака бев опколен со луѓе кои ми го посочија патот преку работа на практични примери и одлична програма и сега знам на каде треба да се движам.

Интервјуа со нашите студенти