Кој е Христијан Милошевски и како се одлучивте да се запишете на обуката за Моделирање на податоци и Business Intelligence?
Моето 10 годишно искуство како сопственик на гостилница и кафуле и 12 годишно искуство во трговија во комбинација со мојата аспирација за постојано надоградување и препораката за оваа обука од мојот кум ме поттикна веднаш да се пријавам. Во последните 12 години, стекнав големо работно искуство во Македонија и во странство, воглавно во трговијата. Моментално работам во компанијата МЛ-ГАРИ чија главна дејност е производство и продажба на вода под брендот „MAYA“ и сум одговорен за продажбата во западниот регион на Македонија.
Дали би можеле накратко, со свои зборови да го опишете вашето искуство во претходните 5 недели?
Пред сѐ да напоменам дека на оваа обука целокупната атмосфера е позитивна и сум пријатно изненаден од односот и посветеноста на инструкторите, Филип и Никола кои дадоа сѐ од себе да го пренесат сето свое знаење во областа на Power BI и SQL. Пред да се запишам на обукава, имав минимални познавања од областа. Знаев само како технички да извадам податоци кои се генерирани од фирмата, но не и како визуелно да ги претставам. После оваа обука можам да кажам дека моeто знаење е значително надополнето. Најдов место каде што можам да го изучам тоа што ме интересира.
Која беше клучната мотивација за пријавување на обуката по Моделирање на податоци и Бизнис Интелигенција?
Клучна мотивација кај мене е секогаш учење на нешто ново и собирање на знаење како и визуелизацијата на податоци која ми е потребна за олеснување на мојата работа.
Како и колку успеавме да ги исполниме очекувањата кои ги имавте и како наученото може да ви помогне во секојдневното работење?
Очекував обуката да биде што би се рекло сувопарна но напротив, беше детална и интересна. Како што веќе кажав претходно, мојата работна дејност е поврзана со трговијата, во која спаѓа и директната продажба, мене оваа обука ми отвори нови хоризонти. Успеавте да ги надминете моите очекувања.
Имате ли некој совет или некоја порака што би сакале да ја споделите со некој кој сака да научи повеќе од областа а сепак нема техничка позадина?
Мојот совет е да не се двоумите бидејќи оваа обука навистина вреди! Никогаш не е доцна да се надоградите себе си!
Дали би ја препорачале обуката на твоите колеги и пријатели? Каков совет би можеле да им го дадете на оние она кое се заинтересирани да дојдат на обуката?
Со оглед на тоа дека веднаш кога ја започнав оваа обука го споделив тоа со моите колеги и пријатели, би кажал дека веќе ја препорачав и ќе продолжам да го правам истото!