Која е Даниела и како се одлучивте да се запишете на обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци?
Даниела е дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии на Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје – ФЕИТ која во моментот работи како BI девелопер.
Одлуката за запишување на курсот за BI и моделирање на податоци се должеше на квалитетната содржина на курсот која ја понуди академијата на Data Masters која беше соодветна на моите барања и очекувања за стекнување на нови знаења во областа во која работам.
Која беше клучната мотивација за пријавување на BI обуката?
Одлуката за запишување на курсот за BI и моделирање на податоци беше желбата за продлабочување на веќе постоечкото знаење во BI сферата и стекнување на нови вештини за подобрување на начинот на работа.
Дали би можеле да го опишете вашето искуство на обуката?
Обуката ми отвори нови хоризонти и пристап кон работата, пред се во начинот на обработка на податоците и нивната визуелизација. Data Masters тимот беше навистина посветен при пренесување на знаењето и секогаш беше подготвен да одговори на сите мои барања и прашања во било кое време.
Како стекнатото знаење од оваа обука ви помогна во секојдневното работење?
Стекнатото знаење од оваа обука го надогради моето знаење во SQL и ми овозможи полесно анализирање на податоците и нивно манипулирање во проектите на кои работев во моментот. Знаењата за алатката Power BI ми овозможи да донесам новина во начинот на визуелизација на податоците и подобрување на нивната прегледност, а воедно задоволство кај самиот клиент.
Дали имате некој совет или пак порака за некој кој сака да научи повеќе од оваа област, а нема техничка позадина?
Му препорачувам на било кој што нема техничка позадина, а сепак има желба да работи поефикасно со своите податоци, сака да стави крај на хаотичното работење со Excel и сам да прави понапредна анализа на истите за да го подобри начинот на своето работење, да се запише на овој курс бидејки истиот тоа го овозможува и е прилагоден на ниво за да научи било кој без оглед на неговото претходно знаење.
Која е Надица, и како се одлучивте да се запишете на обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци?
Здраво, јас сум Надица Јанева. Имам 15 годишно работно искуство во финансиска институција-банка. Се одлучив да се запишам на обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци за да го проширам и надоградам моето знаење околу податоците и на некој начин анализа и играта со самите податоци.
Која беше клучната мотивација за пријавување на BI обуката?
Следејки ги секојдневно новостите од бизнис светот и технолошките трендови во компјутерските науки решив дека е време да свртам нов лист, да бидам во тек со случувањата во најбрзо растечката индустрија во светот.
Дали би можеле да го опишете вашето искуство на обуката?
На обуката се работи со реални податоци. Тоа е она што ми се допадна. Да можеш да видиш како сето тоа функционира во реалноста, а не само во теорија. Се запознав и со техничкиот јазик на кој комуницираат податоците во базата на податоци (SQL). Е кога сме кај SQL – от морам да ви кажам една случка која секогаш ке ја помнам. Бидејки мојот сопруг е во ИТ индустријата и доста разаговараме на таа тема и многу ме упатува и насочува во тој дел, кога на обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци, за првпат се запознав со програмскиот јазик SQL. Почнав да „куцам код“ и веднаш му пишав порака: „Не ми се верува, па јас куцам код!”. Не ми се веруваше, нити сум помислила дека некогаш ќе го учам ова. Исто така, многу ми се допадна делот со Power BI каде со Microsoft Power BI алатката дојдовме до визуелен изглед на податоците. Предавачите се прекрасни и достапни за комуникација и консултација во секое време дури и по завршување на обуката.
Како стекнатото знаење од оваа обука ви помогна во секојдневното работење?
Хаха, многу ми помогна. Сменив професија. Се преквалификував и сега сум дел од IT индустријата. Работам како Product Specialist во Asseco-See Macedonia.
Дали имате некој совет или пак порака за некој кој сака да научи повеќе од оваа областа нема техничка позадина?
Доколку имате желба, упорност и истрајност и навистина посакувате да научите нешто ново, а со тоа и да си го олесните секојдневното работење, обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци во Data Masters ја препорачувам на секого. Секако треба вежбање и посветеност, но трудот верувам ке му користи на секого дали во секојдневната професија или ќе се пронајде во некоја нова професија.