Бојана Спировска – студент на обуката за Business Intelligence

invervju-bojana-spirovska

Која е Бојана Спировска и како се одлучи да се запише на обуката за Моделирање на податоци и Business Intelligence?

Имам 43 години, вработена во VIP, во одделот за бизнис администрација. Сакам да работам со податоци и секојдневно имам директен или индиректен контакт со релативно големи и големи податочни бази. Желбата да ги проширам моите можности во однос на поефективна обработка на податоци. Токму тоа ме поттикна да се запишам на обуката организирана од Академијата на Data Masters.

Со какви проблеми се соочуваше во твојата работа што те наведе во потрага во BI решение?

Excel е одлична алатка, но сѐ поголема е потребата за побрза и појасна видливост на резултатите кои се предмет на интерес. Големината на базите со кои моментално работам не претставува проблем за Excel обработка, но ми недостасува поголема прегледност и поголеми манипулативни можности со податоците, особено кога станува збор за комбинирање на податоци од две, три или повеќе бази.

Како твојата струка/кариера може да ужива во поволностите од BI решенијата?

Секоја имплементација на докажано корисни алатки и вештини, соодветно адаптирани за конкретна работа, ни го олеснуваат животот. Дополнително, се отвараат нови и пошироки можности на генерално ниво.

Како го применуваш досега стекнатото знаење од обуката?

Сѐ уште учам и размислувам како и каде ќе го применам.

Дали би ја препорачалa обуката на твоите колеги и пријатели?

Научив доста. Работиме во пријатна и пријателска атмосфера, мотивирана сум да го продлабочувам моето знаење во оваа област и да, секако дека би ја препорачала обуката.