„Познавањето на SQL има клучна улога за разбирање на системите за контролинг“

bojan-deshikj

Бојан Дешиќ речиси една година работи како Financial Analyst во Semos Cloud, со претходно работно искуство во контролинг сектор во групација составена од повеќе компании со различен тип на дејност. Како економист за финансии и финансиски менаџмент, за дополнување на неговите знаења и отворање на нови можности за унапредување на кариерата, Бојан ја препозна академијата на Data Masters и обуката Data Analytics in Finance, за која вели дека многу лесно се поврзува со неговата сегашна позиција.

 

 

Велиш дека не многу компании во Македонија имаат воспоставено контролинг департмани. Дали доаѓа време кога се подига свесноста за потребата за контролинг во компаниите?

Да, кај нас нема многу компании што го имаат воспоставено овој сектор. Но, како тие компании растат и стануваат покомплексни во менаџирањето или пак едноставно се мали/средни компании кои имаат визија и сакаат да ја остварат во некој временски период, не успеваат поради тоа што им бегаат податоци или едноставно не ги гледаат податоците што ги добиваат одделно од своите сектори како една целина. Овие компании стануваат свесни дека треба да имаат сектор кој не само што ќе ги обедини овие податоци, туку и ќе ги интерпретира и ќе го види трендот и ќе даде насока што треба да се направи за да се постигне целта и визијата што една компанија ја има.


Според тебе, колку компаниите во земјава се свесни дека треба да го подобрат пристапот и да се насочат кон унапредување на начинот на работа со податоците кои ги генерираат?

Мислам дека процентот на овие компании во последниве години расте. Контролингот покрај обработката на финансиските податоци и нивно прикажување, претставува многу повеќе. Покрај обработката на финансиските податоци, овој сектор допира до сите сектори во една компанија и почнува да согледува неповрзаности и недостатоци кои на друг начин и не би се забележале како такви. Со самото ова согледување контролингот дава предлози и активно учествува во подобрување, модернизирање, дигитализирање на сите овие сектори, а сè со цел подобрување пред сè на работата на вработените, а потоа и побрзо постигнување на целите на самата компанија, преку кратење на непотребни процеси, секојдневни внатрешни дуплирања на работата и ефективно пренасочување на средствата во компанијата.

 

Како контролингот се поврзува со содржините кои се изучуваат на обуката Data Analytics in Finance?

Контролингот сам по себе претставува обработка на податоци од најразличен тип како на пример финансиски, продажни и комерцијални податоци. Исто така, контролингот содржи информации за продуктивноста и генерира најразлични параметри, KPIs за мерење на ефективноста во работењето внатре во компанијата и споредби со конкуренцијата. Овие показатели може да се од најконвенционалните, па се до поновите како на пример SaaS параметрите. Сето ова упатува до заклучокот дека еден ваков сектор, за да ги обработи овие податоци и да извади параметри, мора да работи со огромна база или бази составени од најразлични типови на податоци. А самата обработка на овие податоци нивно структурирање и начин на поврзување е нешто што оваа обука го овозможува.

 

Кои се бенефитите кои еден професионалец кој работи контролинг би можел да ги има доколку поседува знаење од програмскиот јазик SQL и како тие знаења би му помогнале во секојдневната работа?

Сите компании користат определени ERP системи, некои помодерни, некои побазични, каде вадењето на податоците, а потоа и нивно прикажување може да биде брзо и едноставно или може да биде бавно и комплицирано. Но, да ја оставиме оваа поделба на страна без разлика на комплицираноста на системот и што сè тој може да прикаже сам по себе, како најважна работа на еден контролор е и точноста на тоа што го гледа, а потоа и го инкорпорира во своите извештаи. Овде знаењето на SQL како програмски јазик игра клучна улога. Сите овие системи без разлика на сложеноста позадината им е збир од една или повеќе бази на податоци. Знаењето како таа база или бази на податоци да се подредат, а потоа од нив и да се направат извештаи или едноставно да се провери што системот ти дава е од клучно значење.

 

Што најмногу ти се допаѓа во начинот на работа и методологијата на учење за време на обуката Data Analytics in Finance?

Од оваа обука најмногу ми се допадна пред сè пристапот на самите предавачи, нивната посветеност во објаснувањето и неформалниот начин на предавање. Битна работа која исто така беше пресудна за одбирање на оваа обука е и тоа што самите предавачи активно работат на проекти од оваа дејност и секојдневно се во тек со најновите работи во програмскиот дел, дека истиот сам по себе како што целата технологија оди напред и тој се менува од година во година. Од друга страна по завршување на обуката највеќе лично за мене  позитивна страна преставуваа и домашните што следеа после секое предавање, каде покрај знаењето што го добивавме од секој час имаше инкорпорирано и задачи кои нè насочуваа да бидеме креативни и сами да дојдеме до бараното решение.

 

На кои типови на кадри од финансискиот/економски сектор би ја препорачал Data Analytics in Finance и кој е твојот совет за оние кои сакаат да се насочат кон изучување на алатките и програмските јазици кои ги нуди оваа обука?

Сите оние кои имаат желба да се надградат и да се движат напред од една страна или пак сакаат да бидат повеќе самостојни во анализата на податоците како мене, да не чекаат програмерите да изготват некој нов извештај кој го нема во системот, оваа обука е за нив. Исто така потребата за подобра комуникација помеѓу бизнис светот и програмерскиот свет сега е сè повеќе потребна. Сите они кои сакаат да станат бизнис аналитичари, а воедно пред сè имаат знаење од финансиите оваа обука е за нив. Сите тие во себе го носат финансискиот дел само им недостига тој програмски дел за да станат една самостојна целина.

 

Интервјуа со нашите студенти