Која е Александра Андоновска и како Data Science се најде во твоето секојдневие?
Веќе некој период слушам дека се повеќе и повеќе се зборува за Data Science како тема и дека е перспективно поле кое ќе се развива во иднина. Кога видов дека има курс баш за тематиката, решив да се запишам за да дознаам нешто повеќе за темата.
Кои се најголемите предизвици со кои ти се соочи при изучување на вештините кои се нудат на оваа обука?
Веројатно тоа беа математичките и статистички поими кои често се спомнуваа при објаснување на теоретскиот дел од алгоритмите. Сепак беше интересно да се потсетам на некои работи од факултет и да се научат нови.
Дали би направила целосен shift на кариера во Data Science?
Сметам дека Data Science е поле кое ќе се развива и шири во иднина и за кое побарувачката ќе расте. Така што, не е исклучена можност за shift на кариерата во тоа поле.
Како би го имплементиралa наученото во твојот бизнис домен?
Со оглед дека сум програмер, знаењата кои ги добив од курсот ми отворија можности за нови предизвици и нови интересни проекти.
Што најмногу те исполни на обуката за Основи на Data Science?
Опуштената атмосфера и знаењата со кои се здобив за време на обуката организирана од Data Masters.