По завршувањето на најзините студии на ФЕИТ, во областа на електроенергетика, Бојана Цубалевска одлучи да ги надогради своите вештини и знаења. За да ги исполни своите кариерни цели, таа ја одбра обуката за Data Analyst на Академијата на Data Masters, каде што ги изучуваше најкористените технологии за анализа на податоци (SQL, Python, Power BI).
Бојана го сподели нејзиното искуство на Академијата на Data Masters и нѝ откри што ја мотивираше да се насочи кон податоците, како и што највеќе и помогна при совладување на модулите од обуката.
Имаш завршено на ФЕИТ, а сега се насочуваш кон работа со податоци. Што те мотивираше да се насочиш кон податоците?
Светот постојано се менува и ни отвора нови прилики и интереси. Мислам дека никогаш не е доцна да се пренасочиме кон нешто што повеќе не интересира и во кое се пронаоѓаме повеќе, без разлика на формалното образование. Како додатна мотивација би ги издвоила љубопитноста и желбата за откривање на разни трендови и заклучоци кои можеме да ги извлечеме преку податоците.
Со оглед на тоа дека имаш основно искуство со работа во Excel во областа на логистика, како ти изгледаа останатите модули од обуката (SQL, Python, Power BI)?
Работата во Excel ми овозможи да се запознаам со концептот на работење со податоци, што помага при снаоѓање кога првпат се сретнуваме со некоја друга алатка. Секоја од овие алатки има свои предности во однос на другите во зависност од тоа што ни е потребно при анализата и секоја од нив беше навистина интересна за изучување.
Кој од модулите ти беше најинтересен, а кој најпредизвикувачки?
Како заеднички одговор го издвојувам Python, поради својата разновидност и обемност и што ретко има само еден начин да се соочиме со некој предизвик.
Што најмногу ти помогна да ги совладаш модулите на обуката?
Најмногу ми помогна присуствувањето на предавањата и паралелното решавање со предавачите во текот на часот. Секој од предавачите одлично ни го пренесе своето знаење, имајќи предвид дека многу од нас прв пат се сретнуваме со модулите.
Што би им препорачала на сите идни слушатели на обуката за најдобро да ги совладаат модулите на обуката?
На идните слушатели им препорачувам секогаш кога се во можност да бидат редовни на предавањата. Секако, бидејќи нема секој таква прилика, им препорачувам користење на сите алатки и ресурси кои ни се толку лесно достапни и ни овозможуваат учењето да ни биде забавно и исполнето.
За кого сметаш дека е најсоодветна обуката и што би им препорачала на луѓето кои се двоумат да стекнат нови знаења или нова вештина?
Оваа обука би им ја препорачала на сите што сакаат да се надградат со вештини од областа на анализата на податоците, да стекнат практично искуство, начин на размислување и носење одлуки базирани на податоците со кои работат. Сметам дека би им била од голема корист на вработените во финансиски сектор, банкарство, продажба, но и на сите што посакуваат да направат кариерна трансформација како Data Analyst.
Доколку сакате и вие да ја трансформирате вашата кариера и да научите да ја користите целосната моќ на податоците, дознајте што треба да направите за да станете Data Analyst и направете го првиот чекор кон вашата професионална иднина!