#СподелувамеИскуство со нашиот тим

spodeluvame-iskustvo-so-nasiot-tim

Специјализирани Data Science вебинари

Во овој период како општествено одговорна компанија се ставаме на располагање да помогнеме со нашата експертиза. Со иницијативата #СподелиИскуство сакаме да го доближиме нашето знаење и искуство до вас, да ви помогнеме да ги решите оние проблеми кои ги имате во вашиот бизнис но и да ви укажеме што може моќта на податоците да направи за вашата компанија и индустрија.

Прочитајте што изјавија дел од професионалците на нашиот Data Science тим околу иницијативата:

Марко: Иницијативата #СподелувамеИскуство е одлична шанса да се запознаете со технологиите што ни ги носи новото време. Манипулацијата со податоци се смета за една од најважните вештини како за денешницата така и за иднината. Вештачката Интелегенција е веќе реалност и потребно е да држиме чекор со светот.

Мартина: Како некој кој што живее и работи веќе неколку години во областа на Вештачката интелигенција, #СподелувамеИскуство е иницијатива чија што цел е да ги отвори вратите на сите оние млади и не толку млади, студенти како и луѓе експерти во своите области да ги разберат основите како и применета на Вештачката Интелигенција во секоја област и во секојдневното нивно работење. Со оваа цел, преку нашите искуства сакаме да ја отвориме вратата и можностите за сите оние кои што сакаат да бидат во чекор со иднината .

Илија: Иницијативата #СподелувамеИскуство за мене претставува пренесување на практични искуства со цел да се зголеми мотивот кај оние кои сакаат да научат ново, или пак за оние кои што сакаат да го прошират своето знаење. Дополнително претставува првиот чекор кон градење на data-driven community, што е иднината на речиси сите гранки од приватните и јавните сектори.

Fun fact: Дали знаете дека со помош на Data Science и машинско учење може да направите ваш Alexa или Siri chatbot?

Катерина: За мене иницијативата #СподелувамеИскуство претставува можност да го споделам моето знаење и искуство од оваа област со цел да овозможам еден соодветен почетнички пристап кој ќе отвори нови можности и ќе ве насочи правилно на патот до кариера во областа на Data Science или пак ќе ви овозможи имплементација во вашата веќе постоечка професија.

Андреј: Оваа иницијатива ќе ви овозможи да се запознаете со DS и BI проблеми и решенија, кои не може да се најдат во книги и туторијали. Односно, идејата е да ви презентираме нешто кое не може да го најдете на Google или Stack Overflow.

Арбен: Иницијативата на Data Masters претставува добра можност за пренесување добро искуство за заинтересираните лица од различни области како медицина, финанси, информатичка технологија итн,  кои сакаат да научат повеќе за data science – која ќе им користи како знаење и вештина во нивните области.

Ве покануваме директно да се вклучите со избирање на тема и под-тема за бесплатен вебинар со пополнување на следниот ПРАШАЛНИК.