Прва академија за Business Intelligence во Македонија

prva-business-intelligence-akademija-vo-makedonija

Прва академија за Business Intelligence (BI) во Македонија!

Во Data Masters ја организираме првата академија за Business Intelligence во нашата земја. Почнува за помалку од 2 месеци и е единствена од ваков тип.

Што е BI?

Business Intelligence (BI) ги комбинира бизнис аналитика, data mining, визуелизација на податоци, креирањето алатки и инфраструктура за анализа на податоците и најдобрите практики со цел да и помогне на организацијата да носи вистински одлуки, базирани на податоци. Со се’ поголемиот развој на оваа област, и се поголемата потреба од истата во компаниите Business Intelligence стана збор кој често го слушаме. Во Data Masters нудиме академија на која може да ја изучувате оваа дисциплина директно од оние кои работат во областа. Академијата ја креиравме поради реалната потреба на пазарот. Има огромна побарувачка од вакви кадри, а истите нема каде да се обучат.

По успешноста на нашите академии за Data Science на кои се обучија над 200 студенти, одлучивме на истиот систем да предаваме и BI. Системот на менторирање, признаен од Министерството за образование, дава можност да се креира пристап за секој студент. На овој начин студентите брзо напредуваат во работата или наоѓаат нова подобра работа.

Во рамки на академијата ќе се изучува процесот на автоматизација и моменталното известување (reporting). На овој начин ќе можете да ја максимизирате моќта на второто најважно основно средство во компанијата – ПОДАТОЦИТЕ. Академиите имаат огромна застапеност на практично учење. Во овој дел студентите добиваат индивидуално менторство со цел истите да се насочат правилно, завосно од нивните потреби.

Зошто да учите BI?

  • Затоа што по завршувањето на двата практични проекти на академијата, Вие веќе самите ќе можете да имплементирате business intelligence решение кај ваши клиенти.
  • Затоа што дури и во овие времиња на пандемија, ако не и особено сега, на компаниите им се потребни вакви вработени.
  • Затоа што добивате знаење кое е употребливо во секоја област, и менторство кое ќе ви помогне да си најдете својата.
  • Затоа што оние кои знаат да постават BI системи и да понудат решенија, ќе бидат оние кои ќе ја пребродат оваа криза.
  • Да, сега е време да се изучува Business Intelligence, затоа што тоа е единствен начин да станете „мастер“ на вашите податоци.

Уписите се во тек, местата забрзано се пополнуваат. Резервирајте си го своето место тука!