Примената на Power BI во малопродажбата

Power BI малопродажба

Секој вид на бизнис во денешно време е соочен со истиот предизвик и задача: како да ги искористи податоците што му стојат на располагање за да носи подобри одлуки и да го подобри работењето? Ова особено е изразено во малопродажба каде што понудата и побарувачката се среќаваат постојано на дневна основа и неопходно е брзо да се реагира, но и да се планира. Токму тука на помош доаѓа алатката на Microsoft, Power BI, која со право наоѓа огромна примена во овој домен.

Но, како и зошто треба да се примени оваа алатка и кои се нејзините придобивки во малопродажбата? Да разгледаме заедно неколку аспекти.

 

Предизвикот со податоците

Земено од аспект на малопродажба, бизнисите кои се дел од овој домен постојано се соочени со еден ист предизвик: имаат одреден таргет на продажба што сакаат да го достигнат. Но, за да се постигнат таргетите потребно е да се земат сите податоци што се на располагање, зашто тука спаѓа сегментација на потрошувачи, нивните навики, трендови што треба да се следат, планирање на залихи и нивна дистрибуција по продавници со цел да се донесе одлука врз база на податоци, а не врз интуиција.

 

Овој цитат можеби и најдобро сублимира за што служи алатката Power BI. 

„Суштината на BI е да овозможи пристап до вистинските податоци во вистинско време за вистинските луѓе да можат да донесат правилни одлуки“, вели Ник Смит, поранешен менаџер во Microsoft.

 

Да речеме дека сакате да испланирате колкава нарачка на производи од одреден тип треба да направите за сите продавници за следната година или пак како треба да снабдите ново отворена продавница. За да направите најприближно точно предвидување потребно е да ги согледате трендовите на продажба од изминатите неколку години присутни во продавниците, да видите во која сезона што се продавало и зошто. Пример, сосема логично е да имате скок за време на празници на одреден вид на храна или на накит. Но, некогаш заклучокот не се носи толку лесно туку потребна е подлабинска анализа на податоците. И токму тука најдобро се согледува помошта од Power BI, претежно затоа што на едно место ги сублимира сите податоци и дава визуелен приказ на состојбата што е лесно разбирлив за различни структури во компанијата и тоа во реално време.

Зависно од тоа дали ви треба постојано да ја следите состојбата, да направите месечно или квартално планирање, со помош нa Power BI можете да ги следите податоците во временски интервали што вам ви се корисни.

Во денешно време продажбата доаѓа од различни извори, но најчесто е комбинација на онлајн продажба и продажба во физички продавници и токму затоа треба да се земат сите нешта во предвид, особено доколку сакате прецизно да испланирате залихи.

 

Подобри од конкуренцијата

Competition

Користењето на Power BI е одличен начин да стекнете конкурентска предност. Доброто планирање на понудата е еден од најдобрите начини да покажете врвна грижа за вашите потрошувачи, затоа што ако нешто не можат да го најдат кај вас или имате лоша понуда, ќе побараат алтернатива кај конкуренцијата. Од друга страна доколку сите можни извори на податоци ги имплементирате во Power BI ќе можете да правите подобро планирање на залихи, да знаете точно кога да дадете попусти на одредени производи, како и да ја оптимизирате работата на продавниците.

Однесувањето на потрошувачите денес е поинакво – очекувањата се дека искуството што ќе го имаат со вас ќе оди глатко и дека ќе го најдат она што им е потребно. Клучно притоа е да ги разберете нивните навики, а тоа можете да го видите преку едноставна визуелизација без притоа да се заглавите во различни Ексели. Дополнително, одговорните за планирање на залихи може да предвидат колку единици од еден производ би им биле потребни базирано на историски податоци

 

Запознајте го потрошувачот

Навиките на потрошувачот се клучот на продажбата. И можеби како никогаш досега е лесно да се осознаат истите. Земајќи предвид дека нашите навики оставаат т.н дигитален белег, компаниите денес на располагање имаат голем број податоци кои им помагаат да го запознаат потрошувачот. Што најчесто кликате при онлајн промоции? Дали процесот на купување го комплетирате или го напуштате во конкретен момент без да ја наполните кошничката? Што задолжително се наоѓа на вашата шопинг листа во текот на месецот или во одредена сезона? Кои се вашите интереси? Кога ќе се спојат податоците од физички продавници и онлајн се добива профил на просечниот купувач кој секако помага за да планирате идни маркетинг кампањи и  залихи.

data presentation

Што можете да правите со помош на Power BI?

Постои причина поради која Power BI е на врвот на најупотребувани алатки за податоци. Ова се само неколку придобивки што бизнисот ги добива со нивната имплементација:

  • Нема потреба да внесувате податоци рачно во Ексел. Power BI може да се поврзе со различни извори кои овозможуваат да се автоматизира процесот
  • Power BI е cloud сервис
  • Добивате информација во реално време – ова овозможува на носителите на одлуки да реагираат брзо
  • Во него може да се креираат модели за машинско учење и истиот може да се интегрира со Azure Machine Learning 

Во Power BI зависно од потребите можете да видите најразлични споредби – пример како перформира една продавница наспроти друга, како и споредба на перформанс во различни години, трендови, реализиран профит и сл. Особено е важно што можете да ги видите трендовите и да реагирате мошне брзо. Да речеме дека имате маркетинг кампања за конкретен производ која не дава ефект. Ова ви дава знак дека нешто мора да промените во реално време, наместо да потрошите огромни суми за нешто што во подоцнежна анализа ќе ви го намали временскиот простор за маневар.

Особено помага и во ситуација кога треба да испланирате цела година. Земајќи ги трендовите од претходните години можете да предвидите колку залиха од кој производ ви треба за секоја засебна продавница. Во суштина, не се препорачува да планирате залиха врз основа на тренд присутен неколку месеци или да земате средна вредност од годините. Ризикот е да немате доволно залиха или пак да ви останат премногу непродадени производи што носи и скриени трошоци со себе. Автоматизирањето на податоците всушност значи и носење на подобри одлуки во малопродажбата. И токму затоа Power BI е одлична алатка за постигнување на продажните цели.

Доколку сте заинтересирани за имплементирање на Power BI во работењето, Data Masters нуди врвна експертиза и искуство. Контактирајте нè и направете го првиот чекор кон поефикасно работење.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin