Отворен првиот едукативен центар за Data Science во Македонија

prviot-edukativen-centar-za-data-science

Со првите обуки за Моделирање податоци, Business Intelligence и Основи на Data Science, започнува со работа Data Masters академијата, првиот едукативен центар за Data Science во Македонија. Обуките ќе ги одржуваат искусни познавачи на областа, со докажано интернационално професионално и академско искуство. Таргетот и за двете обуки се професионалци кои се заинтересирани за областа, со или без претходно IT искуство, основачи или менаџери на мали и средни претпријатија, како и студенти од техничките или бизнис факултетите од Македонија.

Целта на двете обуки е да ги доближи слушателите до основите на Data Science од две различни гледни точки, и тоа интеграција, манипулација и визуелизација на податоци, од една страна и креирање и оптимизирање модели за машинско учење, од друга страна.

Обуката за моделирање податоци и Business Intelligence има јасна цел. Таа е елиминирање на гломазните ексел документи кои се користат за бизнис-анализа. Обуката ќе ги подготви слушателите како да ја спроведат бизнис-анализата преку моделирање директно во база на податоци и увид во податоците, преку креирање интерактивни дашборди. На овој начин, се избегнува повторување на иста работа неколкупати, а тоа ја минимизира можноста за грешка во крајните резултати.

Основната обука за Data Science има за цел да ги обучи слушателите како со помош на машинско учење, кое воедно преставува и база на сѐ во Data Science, да ги добијат одговорите на правилно поставените бизнис прашања. Слушателите ќе се запознаат и со основите на Data Analytics, Machine Learning, Big Data и Artificial Intelligence, односно со главните столбови на Data Science.

Фокусот на оваа обука ќе биде како со помош на најзастапениот јазик за машинско учење, Python, да се идентификуваат, вчитаат и анализираат вистинските податоци, како се справува со „валкани податоци“, како преку податоците да се откријат соодветните модели и како да се интерпретират резултатите пред клиентот.

На крај на обуката слушателите ќе бидат способни да:

  • Анализираат податоци
  • Направат поделба на едно податочно множество (test, train & validation множество)
  • Подготват податоци на начин на кој моделот ги разбира
  • Тренираат модели (класификација и регресија)
  • Направат feature importance за секој од моделите
  • Анализа на моделот и негово оптимизирање
  • Презентираат резултати пред крајниот клиент

Визијата на Data Masters е со започнувањето на оваа академија и првиот сет на обуки, да се популаризира најперспективната ИТ област во моментов во светот.

„Нашата цел е иницијално, преку петнеделни обуки, а понатаму и преку полугодишни и годишни академии, да воспоставиме нови стандарди во Македонија и да обучиме генерации на консултанти кои ќе отворат една нова страница во ИТ сферата. Со ваквиот чекор, сакаме на светот да му го потенцираме сериозниот умствен потенцијал кој го имаат професионалците во Македонија, да го намалиме одливот на таленти, а дополнително и да му помогнеме на бизнис секторот да биде покомпетитивен на европско и светско ниво“ – изјави Мартина Наумовска, Data Scientist и предавач на обуките.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.

Од нашиот блог