Нов вид специјализирани обуки со податоци – Data Analytics in Finance

data analytics in finance

После 350+ едуцирани студенти во рамки на Data Masters Академијата кои со помош на наученото ја имаат унапредено својата кариера или започнато нова, Data Masters започнува со нов пристап во делот на едукација со податоци што подразбира фокусирано изучување на конкретни практични примери во специфични области. Првата од нив е Data Analytics in Finance која во програмата опфаќа изучување на Python, SQL и Power BI, а за која уписите се во тек. Истата можат да ја посетуваат личности без претходно знаење од алатките вклучени во програмата.

Како Академија која ги постави темелите во делот на едукација со податоци во Македонија, придонесувајќи да се развие свеста за нивната важност во компаниите, но и во делот на едукација на индивидуално ниво, Data Masters воведува нов вид на обуки кои се наменети да едуцираат во специфични полиња. Потребата за да се создадат овие обуки потекнува од самата специјализација на компанијата Data Masters која работи на data science проекти во конкретни полиња (финансии, малопродажба, телекомуникации), но и од самиот пазар на труд и едукација кој веќе има стекнато солидно општо знаење, а сега е потребно истото да го насочи, односно да се специјализира.

„Во изминатите три години преку Академијата успеавме не само да ја подигнеме свеста на македонскиот пазар за едукација во делот со податоци, туку и создадовме кадри кои направија промена на кариера или ја надградија постоечката. Data Masters како компанија конкретно работи на домашни и светски data science проекти во делот на малопродажба, финансии и телекомунинации и земајќи го фидбекот од нашите студенти, како и следењето на македонскиот пазар, сметаме дека сега е вистинското време да се насочиме кон креирање на кадри со специјализирано знаење во конкретните полиња во кои се и нашите проекти“ – вели Мартина Наумовска, ко-основач на Академијата Data Masters и раководителка на одделот за Data Science во компанијата.

Пристапот на обуките е да се изучaт податоци преку пример (case study) извлечен од работата на реални проекти на компанијата Data Masters во конкретно поле, a истиот ќе биде пренесен од страна на вработените кои работеле на проектот, сè со цел студентите да стекнат специјализирано знаење. Со ова, Data Masters го обединува едукативниот пристап што го има кон компаниите каде преку реален пример креира интерни Data Master-и, а сега тоа ќе го пренесе и во едукацијата на индивидуите. 

Уписите за првата ваква обука, Data Analytics in Finance, се започнати, а местата се ограничени. Оваа обука е наменета за сите оние кои преку практичен пример сакаат да научат како да извлечат заклучоци преку податоците во делот на финансии, а особено се препорачува за банкари, економисти, личности кои работат со осигурување, ревизија, како и анализа на податоци и изработка на извештаи. Не е потребно претходно знаење од модулите што се изучуваат во програмата.

За да се пријавите, клик ТУКА.

Од нашиот блог