Со појавата на Big Data и потребата да се врши собирање и зачувување на генерираните податоци, Data Science стана возбудлива и растечка област за работа. Без разлика на обемот на компаниите, секоја од нив генерира одреден број на податоци од кои може да се извади огромна важност за напредок на компанијата. Поради тоа, потребата од луѓе обучени како да манипулираат, читаат и генерираат податоци е поголема од кога било.
Во продолжение неколку одлични примери кои дефинитивно ќе ве натераат да изградите кариера во Data Science:
Data Scientist e атрактивна позиција
Откако Harvard ја назначи со титулата “The sexiest job of the 21st century” – Data Science е убедливо највисоко на листата на најбарани работни позиции во 2018 година. Компаниите се во постојана потрага по луѓе со вештините кои ги поседуваат Data Scientists. Денес, обврските на еден Data Scientist, најчесто се наметнуваат на кандидатите кои работат финансии и сметководство, но, повеќето од нив не се вешти во овие областа. Компании од различни индустрии се потпираат на благодетите кои ги носи Data Science како би се движеле напред.
Интересна работа улога
Data Scientists, генереално, работат на истражување на човековото однесување со цел да го подобрат нашето online искуство. Преку создавање chatbots за разбирање на корисничкото искуство на интернет – како Data Scientist, вашата работа главно ќе биде фокусирана на начинот на кој луѓето имаат интеракции online. Со тоа ќе бидете активно вклучени во еден од најважните проекти на векот.
Data Scientist е човек кој знае како да извлече значење преку интерпретација на податоци, т.е. преку процес кој се повикува на различни методи од статистика и машинско учење. Тој троши многу време во процесот на собирање, чистење и интерпретирање на податоци, бидејќи ако едно нешто е вистина, тогаш тоа е дека податоците никогаш не се доволно чисти. Ова е процес кој бара упорност, статистика и вештини за софтверско инженерство.
Брз раст
Data Science е поле кое стекнува интензитет низ различни индустрии и овој интерес нема да се намали во скоро време. Како Data Scientist, ќе правите истражувања и анализа за да најдете одговори на прашања/проблеми и да им помогнете на компаниите да преземат квантитативни, информирани одлуки. Со зголемување на бројот на сензори, компјутерската моќ и алгоритми за детален увид на податоци, Data Science ќе биде поле кое ќе нуди можност за брз раст доколку го поседувате потребното знаење и искуство.
Развој на полето
Data Science брзо се развива поради зголемената побарувачка за податоци ширум светот. Data Scientists имаат широк спектар на вештини со кои им помагаат на организациите да донесуваат подобри стратешки одлуки. Тие добиваат возбудливи можности да работат и да експериментираат со податоци за да дојдат до соодветни решенија за бизнисите. Постојат многу нови возбудливи полиња кои се појавуваат во оваа област, вклучувајќи ги и Big Data, вештачката интелигенција (AI) и Машинско учење (ML).
Диверзитет на работни позиции
Како Data Scientist, имате единствена можност да се испробате во различни домени. Од e-commerce бизниси, маркетинг компании, производствени компании за обновливи енергии до оптимизација на сообраќај – ќе имате можност да се пронајдете во некоја широкиот спектар на работни позиции. Ќе имате привилегија да ги прикажете вашите способности на повеќе полиња.
Ќе станете data-driven thinker
Во своето јадро, работењето во Data Science ви овозможува вашиот начин на размислување да биде управуван од податоците, одлика која се рефлектира и во други области покрај работната. Самиот работен опис ќе бара од вас да извлекувате наоди од обилни количини податоци кои потекнуваат од различни извори. Овој профил на работа ќе ви помогне да правите издржани анализи во секоја улога која ќе ја извршувате.
Ќе стекнете различни вештини
За да станете Data Scientist и да ги развиете техничките атрибути кои нему му припаѓаат, ќе учите аналитика, визуелизација на податоци, предвидливо моделирање, програмирање и комуникативни вештини меѓу другото. Сите овие вештини ќе ви помогнат да станете одличен Data Scientist и да напредувате во областа.
Ќе влијаете врз бизнис одлуките
Компаниите честопати се обраќаат кај Data Scientists за помош при донесување на стратешки деловни одлуки. Поради вашиот увид во податоците, имате единствена можност да донесете паметни, информирани одлуки. Вашето искуство е бесценето во секоја компанија.
Учење на Data Science, од гледна точка на растот, поради огромната побарувачка за Data Scientist низ целиот свет, ќе ви помогне да станете неопходен кадар во секоја организација. Сега имате и каде да ја изучувате оваа област.
Пријавете се денес и започнете да ја градите вашата нова кариера.