Дата Мастерс прослави четири години постоење во присуство на својот тим и соработници

cover-pr-event

Првата консултантска Data Science компанија во Македонија со 100% македонски капитал, Дата Мастерс, го прослави четвртиот роденден во присуство на над 100 вработени, клиенти и соработници. Забавата воедно беше одлична можност да се споделат големи вести, односно отворањето на новата канцеларија во Лисабон, Португалија.

Во изминатите четири години, компанијата успеа да ја подигне свесноста за значењето на податоците во секојдневното работење на компаниите преку успешна реализација на 60+ проекти на кои работеа над 50 консултанти. Покрај проектите, огромно влијание во едукацијата и подигнување на свесноста има и Академијата Дата Мастерс од чии рамки досега се излезени над 450 студенти.

Она што започна како идеја на неколку ентузијасти во 2018 година се претвори во успешна интернационална приказна и амбасадор на Македонија во напредно и компетитивно поле. Дата Мастерс несомнено е место во кое работат брилијантни таленти кои работат на иновативни проекти благодарение на соработката со клучни големи компании, како и ширењето на португалскиот пазар.

Ко-основачот и CEO на Дата Мастерс, Филип Петровски, на настанот се заблагодари на тимот на Дата Мастерс кој носи заслуга за исполнувањето на мисијата и визијата на компанијата, како и на клиентите и соработниците кои преку давањето на довербата на компанијата, го поттикнаа нејзиниот раст.

Почнавме скромно и низ годините успеавме да си го оствариме сонот, да работиме со најдобрите во Македонија. Идејата ни беше и секогаш кажувавме дека ако не сме добри дома, не сме добри никаде. Успеавме да изградиме сериозни партнерства во Македонија, на што сме многу горди. Одамна сакавме да прославиме и ова беше најдобриот момент за тоа“. – посочи Петровски пред присутните гости.

Консултантите на Дата Мастерс досега имаат работено на светски проекти во 7 земји, а компанијата стана партнер од доверба на големи компании имплементирајќи ја својата експертиза во домени како што се малопродажба, финансии, телекомуникации, осигурување, човечки ресурси и здравство. Посебната методологија спроведена во секој од проектите во комбинација со експертизата во Data Warehousing, Data Engineering, Machine Learning и  Analytical Product Development даде одлични резултати и истата ќе биде аплицирана и на идните проекти.

Компанијата е насочена кон експанзија, а канцеларијата во Лисабон е голем чекор кон освојување на пазарот во Западна Европа и Обединетото Кралство.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.

Од нашиот блог