Вклучи се во мапирањето на IT индустријата во Македонија (истражување на IT.mk во соработка со Data Masters)

Itmk-blog (2) (1)

Data Masters се приклучи на истражувањето што го спроведува IT.mk наречено „Мапирање на IT индустријата во Македонија“. 

Анонимната анкета која има за цел да направи пресек на движењата и интересите во делот на IT индустријата во нашата земја, ќе помогне да се дефинираат сите аспекти од сферата, како што се технологиите, трендовите, навиките, алатките, работните класификации и желбите на кадрите, но и соодветно да се дознаат и потребите и примањата на кадрите во Македонија. 

Како компанија специјализирана во работа со податоци, Data Masters ќе ги обработи, анализира и визуелизира податоците од истражувањето кое е предвидено да трае 4 до 5 недели. 

Data Masters е компанија која преку својот начин на работа и Академија создава кадри и придонесува на пазарот на труд во оваа индустрија во Македонија. Во таа насока, сметаме дека истражувањето ќе помогне и може да биде корисно и за кадрите и компаниите во оваа област. По претставувањето на резултатите, сегашните и идни кадри ќе можат да дознаат што се бара во IT индустријата, кои вештини треба да се стекнат, висината на приходите и сл; додека на компаниите може да им помогне во насока на подобрување и дополнување на условите, а со тоа и привлекување на квалитетни кадри. 

Истражувањето ќе се одвива во три фази, и тоа:

  1. Собирање на податоците преку анкета Мапирање на ИТ индустријата – IT.mk истражување – 2022
  2. Обработка на податоците од страна на Data Masters
  3. Презентирање на податоците од страна на IT.mk

Помогни ни заедно да ја мапираме македонската ИТ индустрија во 2022 година!

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.

Од нашиот блог