те што работат во нив се насочени кон тоа прагот на грешка да биде минимален. Сепак, за жал постојат компании и организации кои се неславни примери и служат како лекција за останатите.
Загуби кои многу значат
Според истражување што го има спроведено Gartner, лошиот квалитет на податоци организациите ги чини во просек по 15 милиони долари годишно. Но, загубите не се само изразени во пари, туку може и да резултираат со незадоволство кај крајните потрошувачи. Денес во време кога дигиталните медиуми имаат голема моќ, неколку поплаки може да урнисаат бизнис, што повлекува потреба да се контролира штетата, ако воопшто може да се изведе такво нешто.
Но, соочувањето со лош квалитет на податоци не е проблем само на бизнисите, напротив, голем број на политички институции и организации ја плаќаат оваа цена. Една работа треба да се има предвид – пострашно од поседување погрешни податоци се податоци што никој не ги ни знае. Замислете ситуација во која треба една компанија да купи друга, но таа одлука ја темели само на претпоставка, не на факти, затоа што нема доволно информации за нејзината реална вредност и внатрешни организациски проблеми.
Реалноста е дека не постои организација или компанија што поседува совршени податоци, едноставно грешки мора да има и сосема се природни, но она што е клучно е колкав е нивниот обем. Трикот лежи во тоа да се знае во кој сегмент нештата се нејасни, а ова е и тоа како важно, затоа што кога ќе го аплицирате во области како медицината, разјаснувањето на нејаснотиите поврзани со податоци може да значи живот или смрт.
Човечкиот фактор
Погоре веќе констатиравме дека недостатокот на податоци е во наврати многу полоша ситуација од поседувањето на податоци со лош квалитет. И овде многу често огромен фактор е човечката грешка. На пример, ненавремено ажурирање на софтвер.
Постои и еден друг вид на ситуација која е често злоупотребувана, а тоа е неовластено преземање на податоци и нивна злоупотреба од страна на хакери. Иако постои некоја генерална слика дека хакерите трошат време на софистицирани алатки за да стигнат до резултатот, многу често всушност користат поедноставен скратен пат, односно праќаат мејлови со сомнителна содржина до вработени во компанијата од која сакаат да земат податоци (или попознато како фишинг).
Сè на сè, факторот човек има преголемо влијание во создавањето на грешки кои чинат многу.
Лошите податоци значат загуба на потрошувачи/клиенти
Замислете дека имате неколку луѓе одговорни за продажба низ светот кои контактираат потенцијални клиенти врз основа на листа со мејлови или телефони. Ако списокот што го имаат содржи неточни информации, тоа значи дека нивното ефективно време се користи бесполезно – ги плаќате за работа која нема резултат, а не стекнувате нови клиенти.
Постојат премногу примери од овој тип, како што се погрешно наплатени средства или лошо снабдување на маркети, аптеки и банкомати (што резултира со недоволна снабденост со одредени производи, лекови и пари за повлекување).
Неславни примери – наука и политика
Во 1999 година, НАСА загуби 125 милиони долари кога го изгубија орбитерот на Марс. Причината за оваа грешка е следна – тимот на инженери одговорни за создавањето на орбитерот го користеле империјалниот систем на мерки, додека НАСА го користела меѓународниот систем на мерни единици. Ова резултирало со неконзистентни податоци.
Лошата предикција може да значи и претседателска кандидатура. Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД значеше комплетно изненадување, што најмногу се должеше на лошата предикција. Имено, голем број анкети и влијателни медиуми како Њу Јорк Тајмс предвидоа дека Хилари Клинтон ќе ги освои изборите, но бидејќи беа толку цврсто убедени во нејзината победа, влијаеја врз гласачите кои останаа во своите домови мислејќи дека победникот е веќе решен.
Кои лекции може да се научат од сето ова?
Квалитетните податоци ги носат следниве епитети: тие се точни, релевантни, ажурирани и преземени од соодветен извор. Не мора да ги земете американските политички избори за да сфатите колку се важни и во вашиот бизнис кој е со далеку помали размери. Штетата што ќе ја почувствувате е релативно иста. Мотивот на секој сопственик на бизнис, како и професионалец кој собира и анализира податоци трба да е насочен кон тоа да се намали прагот на грешка, а вложувањето во знаење од овој тип, како и ангажирањето на консултанти што може да ви помогнат е еден од најдобрите чекори што би можеле да ги преземете како превенција.