Интернационални предавачи на Data Science Академијата – Спој помеѓу Aктуарство и Data Science

internacionalni-predavaci-2

Голема чест ни е да ви ги претставиме и следните интернационални почесни гости-предавачи на академијата за Data Science, Laura Ndayong и Maria Inês Quelhas, организаранa од страна на Data Masters.

Овие извонредни млади жени ќе ви ги пренесат своите  успеси и позитивни резултати и ќе ви дадат вовед во една од најстарите професии – Актуарство односно математичар со познавања од економијата и статистиката којшто може да ги пресмета ризиците и финансиските последици од непредвидливи настани и се занимава со моделирање на податоци многу пред да постои Data Science како концепт. Ќе стекнете една поинаква перспектива од Data Science и непроценливо знаење.

Laura Ndayong има дипломирано Математика и Компјутерски Науки при универзитетот Буеа во Камерун. Се доедуцира на африканскиот институт за Математички науки во Гана каде што се здобива со титулата магистар. Своето надоградување го продолжува во полето на економија и менаџмент во Лисабон каде што се здобива со уште една магистратура.Моментално работи како актуарски аналитичар во Allianz Partners, една од најголемите осигурителни компании со седиште во Франција. Делот од работата кој што најмногу ја исполнува е објавувањето на финансиските извештаи на компанијата бидејќи тука може да го види своето влијание и придобивките од работата како актуарски аналитичар. Како и секоја работа и актуарството носи свои предизвици. За Лаура најголемиот предизвик е постигнување согласност меѓу ставовите на вработените во компанијата. Кариерата изградена како актуарен аналитичар носи голем број на можности во однос на вработувањето бидејќи опциите за избор на институција се разновидни, раскажува Лаура.

„Секоја исполнета цел, безразлика колку мала или голема, за мене претставува успех, не само на професионален план туку и во останатите аспекти на мојот живот. Тоа е моето мото“, вели таа.

Maria Inês Quelhas високото образование го завршува во ISEG во Лисабон каде што се стекнува со диплома за применета математика во економија и менаџмент. Магистрира во полето на актуарната наука. Моментално работи како Senior pricing actuary во Closer Consulting, компанија за Data Science со седиште во Лисабон. За Мариа делот од актуарската дејност којшто најмногу ја исполнува е донесување на влијателни одлуки кои се базирани врз сработената работа. Создавањето врска помеѓу актуарите и научниците на податоци како и препознавањето на вредноста на двете дејности е еден од најголемите предизвици за Мариа. И покрај актуарната дејност дава се од себе да се надгради во полето на Data Science, а сето ова за неа претставува уште еден предизвик со кој се соочува секојдневно.

„Почетник во науката за податоци треба, пред сè, да има страст за да осознава нови нешта. Апсорбирајте колку што можете повеќе информации (технички и деловни!), имајте критичко размислување и никогаш не го загрозувајте квалитетот на работата. Останете љубопитни, поставувајте прашања, продолжете да учите!“, вели Мариа.

Актуарството датира од антички времиња, а сега се рангира како една од најпосакуваните професии која зазема прво место на листите според најразлични студии за посакувани професии.

Актуарите од 21 век треба да поседуваат аналитички вештини, деловно знаење и разбирање на човековото однесување и информациони системи за дизајнирање и управување со програми кои го контролираат ризикот- токму тие вештини кои ги поседуваат Лаура и Мариа ќе ви пренесат Вам.