„Наградата Under 30 е заслуга на колективот на Data Masters“ – Филип Петровски добитник на престижното признание на Business Elite Awards

filip petrovski data masters

Извршниот директор на Data Masters, Филип Петровски, се стекна со признанието „Under 30“ кое се доделува од страна на Business Elite Awards. Препознавајќи го талентот и амбицијата за напредок кај менаџерите и претпримачите помлади од 30 години, наградата „Under 30” се доделува како едно од најпопуларните признанија за младите бизнис лидери кои преку својата работа придонесуваат за позитивна промена во средината во која работат.

Филип Петровски е основач на Data Masters, компанија специјализирана за Data Science. Основана во 2018 година, Data Masters преку континуираната успешна имплементација на Data Science проекти во Македонија и неколку странски земји, како и преку основањето на Академијата за Data Science ги постави основите на Data Science во бизнис сферата во Македонија и постојано придонесува за едукација на индивидуите заинтересирани за оваа област.

„Добивањето на ова признание за мене претставува огромна чест и задоволство. Дваесетите години од мојот живот ги фокусирав на градење на својата кариера, која беше исполнета со ризици и предизвици. Најзначајното нешто што успеавме заедно да го изградиме со моите колеги е извонредниот тим на професионалци што стои зад Data Masters. Оваа награда му припаѓа на целиот колектив на Data Masters, со кој постојано работиме на тоа да ја зголемиме свесноста за Data Science во Македонија, како пред индивидуите, така и пред бизнис заедницата“ – вели Петровски.

Наградите Business Elite Awards ‘Under 30’ се бренд на реномираната канадско-американска компанија Global Top Brands Awards, а оваа година беа доделени во Будимпешта. Оваа награда е често пати првиот поттик за многу успешни личности и важи за реномирано признание кое го добиваат личностите кои „инспирираат и воедно придонесуваат за развој на својата локална заедница, односно земја“.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Од нашиот блог