Data Masters – прва државно верификувана Академија за Data Science во Македонија

data-masters-academija

Најголемот “buzzword” изминатата година веројатно е Data Science. Повеќето од вас сигурно го слушнале, дел од вас знаат точно што значи, но има и такви кои се уште не навлегле подлабоко во терминот.

Data Science е наука која произлегува од вкрстувањето на бизнисот и податоците.

Секој бизнис без разлика на својата големина поседува различен тип на податоци од договори, онлајн документи, ексели па се до мултимедијална содржина. Data Science е наука која ги собира, структурира и анализира вашите податоци, потоа ги претставува на визуелен начин за да ви овозможи интелигентно, разумно и издржано донесување на одлуки и прогнози за раст, развој и напредок на вашата компанија.

Македонија се соочува со дефицит на кадар во оваа област. Иако Data Scientist е релативно нова професија (посебно на овие простори) потребата од истата се зголемува секојдневно. Доволен индикатор за истото е тоа што професиналните Senior Data Scientists во нашата држава се толку малку што се бројат на рака.

Сепак не радува фактот што се’ повеќе студенти и професионалци ја согледуваат вредноста од изучување и усовршување во ова поле. Првата компанија во Македонија специјализирана за Data Science и Business Intelligence е Data Masters, и поради горенаведените причини во склоп на Data Masters веќе над 9 месеци функционира академија за Data Science и Business Intelligence. Првата генерација на академци “дипломираа“ изминатиот месец.

„Нашата цел е да го распространиме ова знаење на нашите простори да креираме култура за користење на податоците во оперативното работење на секоја компанија во Македонија преку градење на кадар кој може професионално да се бави со професијата на иднината.” – вели Филип Петровски, основачот на Data Masters.

Денес Академијата за Data Science беше верификувана од Министерство за образование и наука. Академијата на Data Masters е првата и единствена акредитирана во доменот на Data Science во Македонија.

Ова е само потврда за квалитетот на програмата која нуди вистинска вредност за студентите на Академијата. Фактот што нивната посветеност и изработката на финален проект ќе им даде можност за нова кариера или пак стручно оспособување е причината поради која го работиме ова, додава Петровски.

Академијата за Data Science трае 8 месеци и е поделена во неколку модули. Модулите на Академијата како и кариерните ментори дополнително ќе ви дадат насока и можност да се усмерите во вистинскиот правец.

Од нашиот блог