Робертино Димоски – студент на обуката за Анализа и визуелизација на податоци преку Python

pr-robertino

Здраво Робертино, ќе може ли да ни раскажеш нешто повеќе за себе, кој е Робертино?

Јас сум Робертино Димоски од Струга и во моментов сум студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Имам 23 години и сè уште немам работно искуство, меѓутоа сум бил дел од неколку пракси.

Како се одлучи да се запишеш на обуката за aнализа и визуелизација на податоци преку Python?

Како студент на ФИНКИ со претприемачки дух отсекогаш ме интересираше оваа област па се одлучив да аплицирам за обуката анализа и визуелизација на податоци преку Python затоа што ќе ми биде доста корисна ако објавам некој вид на апликација за одреден тип корисници, да правам статистички истражувања и слично.

Кои се најголемите предизвици со кои ти се соочи при изучување на вештините кои се нудат на оваа обука?

Најголемите предизвици ми беа со делот на визуелизација затоа што има премногу можности и најтешко ми беше да одлучам на кој начин да ги прикажам тие информации.

Што најмногу те исполни на оваа обука?

Бидејќи како што кажав, најголеми потешкотии имав во делот на визуелизација, најмногу ме исполни тоа што успеав и можев да го видам графиконот точно нацртан и пополнет после напорно кодирање. Исто така ме исполни тоа што имаше доста колегијални учесници со кои што си помагавме меѓу себе. Морам да ја пофалам Катерина, нашиот предавач, која беше многу професионална и успеа на еден едноставен начин да ни го пренесе знаењето.

Како би го имплементирал наученото во иднина? 

Бидејќи имам голема желба за развој на апликации, примената на наученото од оваа обука го гледам баш во тој домен. Анализа и развој на користење на апликација пред и по испраќање на пазарот.

Имаш некој совет или порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да нaвлезе во светот на Data Science?

Би им посочил дека ова е неверојатна област со многу широка примена и интердисциплинарност и би ги советувал да не размислуваат, туку да се обидат.

Интервјуа со нашите студенти