Еден од најинтересните и најбараните делови на Data Science е NLP (Natural Language Processing) или Обработка на природен јазик. Токму ваква обука нудиме за сите оние кои имаат предзнаење во областа на Data Science, анализа и обработка на податоци како и статистика, што сакаат да го надоградат своето знаење во оваа сфера.
NLP е особено добро бидејќи работењето не е шематско т.н. механичко, односно секој проблем е посебен случај сам за себе и бара добра подготвеност. Исто така велат дека машинското учење и NLP не се само навлезени во сите сектори на работење, туку и наметнуваат како основа на дигиталната трансформација, имитирајќи ја нашата логика на одлучување.
Никола, Коста и Биба се дел од нашите студенти на Академијата кои велат дека Мартина, нашиот главен предавач сево ова го предава на еден неконвенционален и креативен начин преку бројни примери со цел да поттикне длабоко размислување и да постигне реален импакт – преку линија код во Python.
Што се однесува до примената и практичниот дел на NLP, за нашите студенти, примената е огромна. Од финансии и економија до разбирање на навиките на потрошувачите, автоматизација на задачи, финансиска сигурност, сајбер-сигурност и многу повеќе.
Она што со сигурност можат да го кажат е дека машинското учење и NLP ќе им помогнат во иднина да ги завршуваат своите работни задачи на еден побрз и пософистициран начин.
За сите вас кои се пронајдовте во овој текст и дел од Data Science, може да ја погледнете целосната програма за оваа обука ТУКА.