Здраво Катерина, ти си нашиот главен предавач на вториот модул Python Master, кој ги содржи обуките Вовед во Python програмирање и Data Analysis преку Python. Дали може да ни кажеш нешто повеќе за себе?
Здраво дечки 🙂 Јас ја имам честа да бидам главен предавач на овој модул. Јас сум дипломиран математичар, со акумулирано неколку годишно искуство од мојата кариера како професор по математика и многубројните индивидуални часови кои ги имам одржано. Како што веќе ни е добро познато Data Science e спој од 3 области, математика, бизнис и информатика.
Мојата кариера ја започнав со предзнаење на една од тие области и продолжив посветено да работам на останатите за да можам да ги комплетирам. Информатичкиот дел го совладав токму на една од обуките во Data Masters, на која предавач беше Мартина, која е магистер по вештачка интегенција. Благодарение на таа обука, на трудот и интересот кој ја го покажав и на нивната доверба, јас моментално сум дел од тимот на Data Masters, каде што активно работам на Data Science и Business Intelligence проекти,а покрај тоа сум и асистент на академијата за Data Science, заедно со Марко.
Од целото собрано искуство досега како Data Scientist кој секојдневно го користи Python, како асистент и студент на обуките ми претставува чест и задоволство моето знаење и искуство од целата оваа област да го пренесам на вас, преку еден соодветен почетнички пристап кој ќе ви отвори нови можности и правилно ќе ве насочи на патот до кариера во областа на Data Science или пак имплементација на истата во вашата веќепостоечка професија.
Што е тоа што ги прави модуларните обуки поразличи од другите концепти на изучување и кои се придобивките?
Модуларните обуки се концепт кој ќе им овозможи на луѓето кои имаат желба за напредок и промена и се ентузијасти, да можат да се приклучат во било кој модул без разлика на нивното презнаење. Доколу сте почетник и немате никакви предзнаења од програмирање, јас топло ви препорачувам да започнете од вториот модул – PYTHON MASTER во кој спаѓаат обуките Вовед во Python програмирање и Анализа на податоци преку Python – тој модул е врата кон Data Science, и ќе ви овозможи да се запознаете со основната синтакса на Python, што е тоа што го прави овој програмски јазик најпосакувана вештина на 21-от век и ќе ви помогне да развиете програмерски mindset.
Веќе во втората обука ќе ги искористиме стекнатите знаења од првата и продолжуваме со анализа на податоци, нивна визуелизација, и ќе научиме како да ги анализираме податоците преку анализа на визуелизации и графици направени со целото знаење во Python. Истото важи и за сите останати модули во иднина. Тука настапува кариерниот ментор за Data Science кој е неопходен дел од модуларните обуки. Тој правилно ќе ве насочи доколку не знаете дали некоја област е за вас или не, од кој модул можете да извлечете најмногу базирано на вашето предзнаење и искуство и ќе ви го истрасира најлесниот пат до кариерата која ја посакувате. На таков начин не само што ќе добиете многу можности, туку и ќе заштедите.
Ние од Data Science тимот сме тука целосно да ве поддржиме да ве научиме буквално from zero to hero!
Покрај тебе, во овој модул учевстуваат Мартина и Марко. Кажи ни какви ќе бидат предавањата кои вклучуваат асистент и кариерен ментор?
Нормално, тимски, како што си помагаме и се поддржуваме секогаш, во оваа обука ќе учестувват и моите колеги, Марко кој е асистент и Мартина која е предавач и кариерен ментор за Data Science. Ние тројца ќе обезбедиме индивидуален пристап за секој од вас, без разлика на вашето искуство и предзнаењето кое го имате.
Вашиот кариерен ментор по Data Science е Мартина Наумовска. Таа е магистер по вештачка интелигенција и магистер по иновации и претприемништво при Vienna University of Technology. Мартина има многу годишно интернационално искуство во 8 различни компании, 4 држави, 2 континенти и повеќе индустрии. Специјалност и е Data Science Architect и трансформација на компаниите со примена на Machine Learning решение во веќе постојната ИТ-архитектура. Таа ја создаде верифицираната програма на Data Science Академијата и е главен професор и ментор на Академијата, а воедно е и Head of Data Science во Data Masters.
Марко е дипломиран машински инженер, дел од Data Science тимот во Data Masters и асистент на досегашните обуки. Специјалност на Марко му е Data Mining, Data Visualization и Моделирање и симулација на процеси. Тој своето искуство во областа на машинството го пренесува секојдневно во решавање на проблематиката која ја имаат клиентите преку соодветни Machine Learning процеси. Марко за овој модул ќе ги одговара сите прашања што се нејасни, ќе ви помага со Data Science проблемите, и ќе биде ваша потпора за сите нејаснотии во текот на часовите.
Што може да очекуваат студентите по завршувањето на овој модул?
Како што напоменав погоре, ова ќе биде првиот чекор во Data Science, наука и област која допрва се развива кај нас. Јас лично многу си ја сакам работата и ми е доста интересна и претпоставувам дека за секој од вас би било забавно.
Верувам дека секој се запрашал некогаш како луѓето знаат каква ќе биде утре временската прогноза, состојбата на берзата или пак како ќе се движи продажбата. Тоа се само неколку примери од предвидувањата кои може да се направат со Data Science и ML, но за да стигнеме до сите тие подлабоки поими – Machine Learning и Deep Learning, секако мора прво да го направиме основниот чекор кој е токму вовед во Python пргорамирање.