Подобро се учи со инструктори
Повеќето онлајн курсеви имаат наставна програма поделена во поглавја според кои можете да учите сами – со темпо кое вие го диктирате. Но, поради обемот на информации кои се достапни во вакви курсеви, може да се чуствувате преоптоварени и демотивирани. И доколку заглавите или не можете да разберете некој концепт, немате некој кому може да му поставите прашање или да му се обратите за совет. Спротивно на тоа, обуките (како оние на Data Masters) ви даваат one-on-one пристап до врвни инструктори, што е императив за брзо и правилно учење.
Ќе се градите во заедница
Предноста на обуките е заедницата на луѓе кои ја посетуваат обуката со вас. Можете да разговарате со врсници за концептите што се изучуваат, да дискутирате за завршување на зададените задачи и да си помогнете/објасните одредени концепти, користејќи повеќе канали (групни разговори, пораки, телефонски повици, Instagram dm’s и слично). Овој начин на комуникација ќе ви помогне да го продлабочите она што сте го научиле, и во исто време да изградите мрежа за подршка од врсници кои ја делат вашата страст и интереси за темата на изучување. Оваа силна средина на врсници може дури и да ве поттикне да се мотивирате и да бидете подобри во она за кое се стремите.
Брзо учење со висок импакт
Времетраењето на нашите обуки е многу пократко и понасочено од онлајн курсевите. Генерално, во зависност од тематиката, обуките може да траат околу 5 недели, на пр. за Data Science, до академии за програмирање кои траат околу 10-12 недели. Бидејќи наставната програма на обуките се фокусира само на најрелевантните теми кои им се потребни на студентите, планирана е прецизна структура која е идеална за учење со брзо темпо. Бидејќи инструкторите се искусни професионалци во нивните области, бидете сигурни дека стекнатото знаење од обуките е исклучително релевантно и актуелно со моменталната состојба на индустријата. На овој начин имате гаранција дека темите кои ќе ги изучите се релевантни со тековниот статус на индустријата и дека знаењето ќе го стекнете на брз и најефикасен начин.
Тимска работа
Оваа индустрија подразбира тимска работа каде редовно ќе соработувате со разновидни групи луѓе. Преку таа соработка, низ текот на обуките, ќе научите како да соработувате со други за да постигнете заедничка цел. Целта на тимската работа е преку работата со луѓе од различно потекло и перспективи да го проширите вашето размислување и да го видите истиот предизвик од различни гледни точки. Сето тоа ќе ја поттикне креативноста и иновативноста. Со создавање на нови пријатели и одржување допир со нив по обуката, ќе изградите мрежа која ќе ви отвори врати за значајни можности за кариера.
Data Masters гради консултанти
Знаењето со кое се стекнуваат нашите студенти е на највисоко ниво и им овозможува потоа да дојдат до унапредување на постоечкото работно место, да станат дел од тимот на Data Masters или да работат во етаблирани интернационални компании. 30% од вработените во Data Masters се дојдени токму преку нашата Академија.