Data Masters Academy: Сите придобивки од учење Power BI

blog-power-bi

Microsoft со своите алатки (меѓу која е Power BI) останува позициониран како глобален лидер за аналитика и платформи за бизнис интелигенција. Според истражувачката/консултантска компанија Gartner, Microsoft повторно се наоѓа на лидерската позиција во нивниот таканаречен „магичен квадрат“, со најјасно „претставена визија“ и највисока „способност за извршување“.

Како што велат од Microsoft, со алатката Power BI целат на корисниците да им овозможат најбогато и најинтуитивно искуство за бизнис интелигенција (BI) на пазарот.

„Имаме огромна поддршка од милиони корисници кои се дел од Power BI заедницата. Токму фидбекот од корисниците ни помогна да ја креираме и усовршиме оваа алатка. Тоа е моќта на Power BI“, вели во блог објава Ким Манис, партнер директор за продукт менаџмент во Microsoft.

Како што велат од Microsoft, минатата 2022 година е заокружена како возбудлив период со многу иновации, имплементација на стотици нови функционалности и подобрувања на Power BI, сите во насока на ефикасно поддржување на секој индивидуалец, тим и организација која сака да извлече вредност од своите податоци.

Data Masters во своите обуки на академијата нуди обуки за Power BI, алатка за која секојдневно расте интересот кај многу компании и индивидуалци. Поради фактот што визуелизација на податоци, репортинг и креирање на дашборди се дел од услугите кои ги нуди консултантскиот дел на Data Masters, а предавачите на нашата академија се консултанти кои секојдневно работат на различни типови на проекти проекти, начинот на пренесување на знаење за Power BI е извлечен од реални предизвици со кои тие се соочуваат на дневно ниво.


Power BI за индивидуалци

Power BI има голема корисност како алатка за индивидуална анализа и визуелизација на податоци, но во исто време може да ја врши истата функција и за цели тимови и организации. Во овој дел, ќе се задржиме на тоа како оваа алатка им помага на индивидуалците во компаниите.

Ако се земе во предвид дека Microsoft Excel како алатка е традиционалниот начин за репортирање и креирање на увиди во податоците на бизнисите, користењето на Power BI значително ги унапредува и подобрува процесите во оваа сфера на работа. Со можноста за експериментирање со визуелизации, статистички функции и калкулации на поголеми количества на податоци, како и можноста да се добиваат брзи одговори со лесно комбинирање на полиња, јасно е дека Power BI е најдобра опција за увид во податоците.

Source: learn.microsoft.com/en-us/power-bi/create-reports/service-from-excel-to-stunning-report

Source: learn.microsoft.com/en-us/power-bi/create-reports/service-from-excel-to-stunning-report

Доколку сте професионалец кој ја поставува својата работа токму во Ексел, без разлика дали раководи со буџети, делегира и креира извештаи, проектира продажба и приходи, и тоа во рамки на сопствен бизнис или како вработен во компанија, основните обуки за анализа на податоци на Data Masters нудат можност за надградување на знаењата во PowerBI, како еден од модулите во нашите програми на обуките. Знаењата кои ги поседувате во Ексел лесно можат да се трансформираат и надоградат за совладување на Power BI, каде ќе научите да ја поврзувате оваа алатка со различни типови на извори на податоци, ќе научите да работите со различни прикази на модели на податоци, ќе совладате комбинирање на графици во дашборд и креирање на калкулирани колони и метрики.

Со овие знаења значително можете да ја подобрите позицијата во или на вашата компанија, а воедно и да поставите основа за дополнителна доедукација и целосно насочување на вашата кариера. Комбинирањето на Power BI со програмските јазици SQL и Python пак, заокружува една моќна целина на алатки и програмски јазици, со која учесниците на обуките ги поставуваат основите за влез во светот на Data Analytics и Data Science.

 

Power BI за тимови

Во изминатите неколку години, дигиталната трансформација е главна тема за компаниите, а токму Microsoft кој е на лидерската позиција суштински го подобрува начинот на кој компаниите и организациите соработуваат преку нивните сервиси и алатки. Power BI e одличен пример како повеќе различни тимови можат да работат со една алатка и притоа да ги користат сите бенефити кои ги нуди.

Бидејќи Power BI е алатка која компаниите ја користат во процесот на носење на одлуки преку репорти и дашборди, процесот на интеграција во тимовите е многу интуитивен. Сите корисници можат да им пристапат на податоците преку централизиран дашборд, да користат специјализирани визуелизации и репорти, но и лесно да комуницираат со колегите кои работат на истиот проект.

Една од промените која Microsoft ги направи се нови интеграции на Power BI со Microsoft PowerPoint, Outlook, OneDrive, SharePoint, Office Hub и Teams за полесно споделување на репортите и дашбордите со соработниците. Корисниците сега може да имплементираат Power BI репорти, како и единечни визуелизации (еден chart или еден bar), директно во Power Point и да вклучат цели репорти како описни картички во мејловите во Outlook. Во насока на подобрување на корисничкото искуство за тимови, додадена е и можноста за зачувување на PowerBI фајлови на OneDrive и SharePoint и можност за нивно директно едитирање.

Source: https://learn.microsoft.com/en-us/power-bi/collaborate-share/end-user-powerpoint

Source: https://learn.microsoft.com/en-us/power-bi/collaborate-share/end-user-powerpoint

 

Power BI за организации

Data Masters како компанија директно ја користи и ја максимизира моќта на Power BI како алатка, и тоа во различни сегменти и нивоа на работењето.

Консалтинг дел – креирање на дашборди и визуелизации на податоци за потребите на нашитe клиенти.

Интерен дел – креирање на дашборди и визуелизации на внатрешните компаниски податоци (компаниски финансии и податоци генерирани во Академијата).

Едукативен дел – нашите консултанти ги пренесуваат своите знаења како предавачи на Академијата на Data Masters.

Корисноста на PowerBi ја препознаваат и глобалните корпорации како Walmart, BayerТ-Mobile и AirBnB кои користат многу од можностите кои ги нуди оваа алатка.

Заклучок

Без сомнение, Microsoft активно работи на промовирање на data-driven култура во организациите преку своите многубројни алатки, а една од главните улоги ја има Power BI. Имплементирање и користење на Power BI, без разлика дали на индивидуално, тимско или организациско ниво не само што ги оптимизира процесите при работа со податоци, туку и го извлекува максималниот потенцијал од крајните податочни сознанија.

Од друга страна, со обуките на Data Masters, изучувањето на Power BI никогаш не било подостапно и подетално опфатено, а предавањата адаптирани и прилагодени за сите лесно да можат да ги совладаат. Дознај повеќе за обуките на Data Masters тука: https://academy.datamasters.ai/obuki-i-akademii/

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.

Од нашиот блог