Како Data Engineer со искуство во градење на целосни бази на податоци и ETL процеси на повеќе проекти од различни области, Зорица ќе Ви помогне да ги проширите своите знаења. Ќе Ви објасни соодветни пристапи користејќи го програмскиот јазик SQL преку кои ќе имате целосна контрола врз податоците. Преку SQL Server Management Studio и SQL Server Integration Services ќе Ве воведе во ETL процесот каде се преземаат податоци од соодветни извори и истите се трансформираат според бизнис потребите. На овој начин ќе бидете подготвени за целосна анализа на податоците и да ги подготвите истите за визуелизација.