Data Scientist со искуство на проекти со временски серии од областа на retail индустријата и предвидување на продажба. Воедно поседува богато искуство во пуштање на machine learning модели во продукциска околина. Благодарение на неговата работа во Natural language processing сферата, покрај Марко ќе научите за разните придобивки од NLP како што е на пример класификација на текст. Со него ќе навлезете во светот на Data Cleaning, Data Mining и Cloud computing преку користење на технологии како Python, SQL, Pandas, Tensorflow, AWS Sagemaker.