Политика за колачиња
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.
При посетата на интернет страната од корисниците, Дата Мастерс може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.
Дата Мастерс користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:
- Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
- Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
- Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на Дата Мастерс, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
- Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку Дата Мастерс веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.
На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено.
Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Со кликање на копчето “Се согласувам”, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.
Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.
За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Cookie settings
Ремаркетинг
Дата Мастерс информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook Business Manager, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.datamasters.ai и обезбедена согласност за оваа активност.
Google, Facebook, Instagram и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на Дата Мастерс преку користење на колачиња.
На пример, кога со посетата на www.academy.datamasters.ai корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за Дата Мастерс или за содржината која ја посетил на страната на Дата Мастерс. Сите собрани податоци од Дата Мастерс ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.